MAMA

После 18 години брак и три деца, жена отворено проговори за заедничкиот живот, еве неколку мали важни тајни

Ани Рено е мајка на три деца и сопруга која води блог наречен Мајчинство и повеќе (Motherhood and More). Во брак е 18 години и затоа ги сподели своите 18 сознанија кои ги научила во текот на заедничкиот живот. Повеќето од нив ги демантираат добро познатите клишеа врзани за љубовта и заедништвото.

Еве што напиша таа како одговоро на прашањето: „Што научив за овие 18 години брак?“

НИЕ НЕ СЕ ДОПОЛНУВАМЕ

Реченицата “Ти ме дополнуваш“ потполно ме освои кога првпат ја слушнав во филмот „Џери Мегваер“, а сега ми се чини малку глупава, а во најмала рака дисфункционалана. Идеално би било двајца луѓе во врска да бидат колку што е множно целосно само за себе и постојано треба да тежнееме да станеме што подобри.

Мојот мажи и јас си помагаме еден на друг во тој процес давајќи си комплименти еден на друг, но меѓусебно не се дополнуваме.

ПОМАГА СМЕЕЊЕТО НА МАЛИ ГРЕШКИ И СЛАБОСТИ

Никој не е совршен, а кога сакаш да го делиш животот со некого, многу работи има кои можат да ти се вовлечат под кожа. Некои слабости почнувате да ги сфаќате на хумористичен начин да ви биде подобро, отколку дека тоа ви оди на нерви. Мојот маж има бизарна навика да остава совршено добра храна на даска. Наместо да му приговарам зошто тоа го оставил, јас тоа го нарекувам жртва на боговите на храната и на тоа двајцата се смееме.

НЕ СПОРИТЕ САМО ЗА ДА СЕ НАЈДЕТЕ ВО КАВГА

Непоресредното барање вина и приговорање поради малите работи едноставно не е вредно

ЈАЗИЦИТЕ НА ЉУБОВТА СЕ РЕАЛНИ

Ниту мажот ниту јас не говороме со јазикот на дарување поради што не си подаруме подароци ниту за родендени. Мојот маж знае дека ако јас сакам да ми покаже дека ме сака, тоа треба да го направи така што тоа ќе ми го каже (потврдни зборови) или ќе ја исчисти кујната (чин на услужност). Ако јас нему сакам да му покажам дека го сакам, можат да го замолам да се прошетаме заедно (квалитетно време) или да се пикнам до него (физички допир). Да се знае на кој јазик зборува партнерот многу е важно.

ФИЗИЧКАТА ИНТИМНОСТ МОЖЕ ДА ПОПРАВИ МНОГУ МАЛИ РАБОТИ

Не можете да го спасите брако, но може да ги поправите малите пукнатини. Многу мали работи недостасуваат кога двојките се среќни на тоа подрачје.

ДЕЦАТА ГО ПРАВАТ БРАКОТ ПОКОМПЛИЦИРАН

Родителството влија на бракот на многу начини. Вашето време, енергија, пари и идентитети доживуваат преобликување кога ќе стигнат децата. Воедно тоа е прекрасно, но не е лесно. Секој кој мисли дека бебето ќе го поправи лошиот однос – само се лаже.

ДОЛГ РАЗГОВОР И ДОБАР СОН МОЖАТ ДА ПОПРАВАТ МНОГУ ГОЛЕМИ РАБОТИ

Не верувам во она „не одите во кревет лути“. Знам да бидам многу нервозна кога сум уморна. И затоа што и да ме мачи во 10.30 навелер, утротов во 8 нема да ми изгледа толку важно.

АКО НЕШТО ПРАВИТЕ ПОИНАКУ, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ПОГРЕШНО ГО ПРАВИТЕ

За 18 години брак никогаш не сме се сложиле околу најдобриот начин за сложување на облеката. Ја сури не разбирам што прави тој кога ја дипли маичката. Или пешкирите. Но тоа е животот.

СЛИЧЕН МУЗИЧКИ И ФИЛМСКИ ВКУС Е ПОТЦЕНЕТ БОНУС

Знам дека некои двојки функционираат одлично иако вкусовите во тие работи им се разликуваат, но јас сакам да делам работи и многу ми е драго што се сложуваме околу нив.

ДЕЛЕЊЕТО НА ИСТИТЕ ОСНОВНИ ВРЕДНОСТИ ВРЕДИ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ШТО ВИ СЕ ЧИНИ

Тоа посебно доаѓа до израз кога е во прашање одгледувањето на децата. Тогаш е убаво да се биде на иста страна по прашњето на основните вредности и вера. Гледав многу од оние кои имале проблеми во бракот токму поради различните вредности.

МАЛИ ГЕСТОВИ ЗНАЧАТ МНОГУ

Мојот маж секое утро ми вари кафе и ми го носи во кревет. Тоа е едноставен чин поради кој јас го почнувам денот со чуствтво дека сум сакана. Масажа, омилениот сладолед или вршење на работа која е мое задолжение – го чини бракот посебно сладок.

НАСМЕВКАТА ИМА ЦЕНА

Милам дека заедничката насмевка има поголема вредност од сексот. Сакам да се смеам со него. Не можам да ви опишам колку ме прави среќна кога го гледам како се кикоти до солзи. Најдобро.

ЗАБАВНО Е ДА СЕ ПЛАНИРА ШТО СЕ ЌЕ ПРАВИТЕ КОГА ДЕЦАТА ЌЕ ПОРАСНАТ

Мажот и јас сакаме да планираме што ќе работиме кога децата едне ден ќе си одат од дома.

ЉУБОВТА СЕ МЕНУВА И ТАКА ТРЕБА ДА БИДЕ

Нема ништо лошо во тоа што повеќе не чувстувањет исти искри како на почетокот од врската. Нормално е љубовта да се менува и долготрајната љубов всушност е многу секси.

БРАКОТ ЗНАЧИ КОНСТАНТЕН КОМПРОМИС И ПОВРЕМЕНА ЖРТВА

Ова е срж на сето. Двајца луѓе не можат да го делат животот успешно ако не се подготвени да траат. Ние двајцата тоа секогаш го имаме на ум

ЉУБОВТА И ОБВРСКИТЕ СЕ ДНЕВНИ ИЗБОРИ

Секој ден имате можност или да ја негувате својата врска или да ја запоставите. Признавам дека животот често се вмешува, но ова всушност е повеќе начин на кој вие размислувате отколку одлука.

ВРЕМЕТО ЛЕТА КОГА СЕ ЗАБАВУВАТЕ

Овие 18 години имаше многу деца и семејства и пријатели и спомени. На некој начин имам чувство како да сме венчани отсекогаш, а во исто време не можам да верувам дека поминале 18 години. И јас сум многу благодарна што и покрај тоа што има понекои препреки на патот и натаму уживаме во возењето.

ОНА ШТО УСПЕВА КАЈ НЕМА НЕМА НУЖНО ДА УСПЕЕ И КАЈ ДРУГИТЕ ДВОЈКИ

Секоја двојка има своја динамика и околности. Нашиот брак функционира делумно затоа што двајцата сме опуштени луѓе, делумно поради одданоста еден на друг, а делумно и поради среќата или провидноста. Немаме рецепт за среќен брак. Тоа е нешто што секоја двојка мора да го пронајде во себе.

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close