Кафе муабет
Погледнете како Хана Хуљиќ ги поминува последните денови од бременоста- блеска од среќа
Уште еден месец до доаѓањето на бебето...
Пејачката Доменика Жувела на својот Инстаграм профил објави селфи фотографија од плажа, позирајќи со Хана Хуљиќ и уште една пријателка.
На фотографијата гледаме дека бремената Хана е насмеана во светлосин едноделен костим за капење, додека Доменика носела очила за сонце и во раката држела овошна салата.
Пријателката и кумата уживаа во прекрасниот ден на плажа, здрава храна и сонце.
Инаку, Хана и Доменика често се дружат и објавуваат заеднички фотографии.
Петар Грашо и Хана Хуљиќ веќе извесен период се во центарот на вниманието особено откако се дозна дека се во врска.
Сè околу нивната венчавка беше внимателно следено, а сега со нетрпение се чека доаѓањето на нивното прво дете.
Познатиот пар пред неколку дена беше на отворањето на поликлиниката во Сплит каде раскажа како се чувствуваат за доаѓањето на првото дете.
– Се чувствувам како секоја друга трудница на светот – се е во ред!“, изјави Хана Хуљиќ- Грашо за RTL Exkluziv.
До раѓањето на девојчето има уште месец и половина, а Хана открила дека сега повеќе посветува време на читање и пребарување по интернет.
– Моментално премногу пребарувам за се, што би можело ова да биде, што би можело тоа да биде. Сега можеби претерувам, но сепак сум умерена во тоа прашање, рекла Хана.
Сепак, таа не се грижи премногу, како што тоа го прави нејзиниот татко, хитмејкерот Тончи Хуљиќ.
-Се грижи за себе и за сите нас, тој е голем хипохондрик“, изјави убавата трудница.
Иако многу парови купуваат се со месеци пред доаѓањето на нивното прво дете, Хана и нејзиниот сопруг, пејачот Петар Грашо не се едни од тие парови.
– Сè уште не сме купиле се, има уште малку време, а јас го имам најголемиот дел од неговата сестра. Не мора ни да претерате, признава таа.
Пејачот очекувано бил малку повоздржан околу доаѓањето на приновата, но не ја крие возбудата и радоста.
– Сега главна тема е очекувањето на детето, среќен сум и тоа е нешто што ќе го паметам засекогаш, рече тој.
Хана истакнала дека практикува долги шетања во природа и дека внимава на исхраната.
Пејачот вели дека се грижи колку ќе стигне.
– Јас сум многу често на пат и не можам да ви кажам дека се грижам за здравјето секојдневно и дека сум нешто преголем хипохондрик, рекол искрено Грашо.
Новиот член на смеејството пристигнува на почетокот на летото а парот веќе се договорил околу името на бебето.
Како што се дознава, тие за својата наследничка го одбрале името Алба. Но она што е посебно интересно е што бившата девојка на Грашо, Данијела Мартиновиќ токму тоа име го сакала за своето дете.