Кафе муабет

“Едноставно не му оди”: Јелена Ѓоковиќ откри непознати детали за бракот со Новак- еве каков татко е тенисерот

Открива интересни работи за Новак...

Jелена Ѓоковиќ неодамна за српските медиуми сподели интересни информации за своето семејство и за сопругот Новак Ѓоковиќ.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Таа кажа многу убави работи за Ѓоковиќ како спортист, сопруг, хуманитарец, но исто така посочи дека  поради сиот успех што го постигнува на професионален план се чини дека како татко не може да постигне се што би сакал, иако тоа не значи дека тато не е прекрасен и приврзан.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Имено, Јелена раскажа за некои разлики во родителството меѓу Новак и неа, па се осврна на случајот во кој тие имале спротивни мислења кога станува збор за воспитувањето на Стефан и Тара.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Нејзината исповед открива дека не се договориле најдобро за тоа како да ги воспитаат нивните наследници.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

– Моите потешкотии беа тоа што сакав да ги заштитам децата, да им дадам избор сами да одлучат дали сакаат или не да бидат дел од нашиот јавен живот што е неопходно како последица на големиот успех, историски успех што го постигна Новак. Меѓу другото, мојот сопруг можеби нема такво размислување, па мораше да се најде компромис. Тој порасна во услови кога сонуваше да биде сакан, виден, да застане на врвот на светот и сите да знаат за него, додека јас сонував сосема поинаков сон. Сакав да бидам успешна жена од сенка – ја започна приказната Јелена и додаде зошто Новак можеби не е совршен како татко.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

– Новак е навистина прекрасен татко и тоа го прави многу добро, но неговиот капацитет за таква концентрација што ја бараат децата е ограничен бидејќи има премногу обврски и во тој контекст мислам дека сме многу добар тим, тој е одличен татко. Добро знаеме кои се потребите на Новак и сите се вклопуваме во тие потреби. Тоа е помалку гламурозно да се каже, но е вистина и Новак е свесен за тоа. И неговите родители и неговите браќа, сите сме подредени на тој голем успех, светски успех – вели  Јелена Ѓоковиќ во својата исповед, а таа потоа додаде дека заедно донеле одлука децата повеќе да не патуваат на сите турнири.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

-Децата пораснаа, сакаат да имаат пријатели, сакаат да одат во градинка и училиште, да ги имаат нивните рутини, нивниот познат парк, познати локации и да знаат каде се. Новак е некој што пораснал со тој интензитет „брејк топка, меч топка, брејк топ, меч топка“, но ние се изморуваме од гледање, менуваме канал за да се одмориме. Тој е фокусиран на тоа постојано, кога се враќа дома гледа на Јутјуб и анализира што се случило на друг натпревар, кој е следниот противник, што прави конкуренцијата, многу е посветен и голем професионалец. И јас го така живеев пред да дојдат децата, и ова е нова приказна на која се обидувам да се навикнам и сè уште не ја правам успешно колку што би сакала во смисла да се изморувам од многу патувања и затоа инсистирам на тоа патувањата да бидат поретки за да бидат поквалитетни – рече Јелена.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Да потсетиме, сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ пред неколку дена го прослави својот 36-ти роденден, па по тој повод објави интересна фотографија на Инстаграм.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Имено, Јелена со своите следбеници сподели дека е родена во ист ден со хрватската писателка Весна Крмпотиќ и сподели цитати од нејзината книга.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

-На денешен ден пред 36 години се родив јас, но и прекрасна жена која повеќе не е меѓу нас – Весна Крмпотиќ која зад себе остави прекрасни книги кои ги читав со многу љубов, внимание и благодарност. Инспирирана и со воздишка… прекрасна Весна.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Еве ги стиховите што сакам да ги споделам со вас денес од нејзината неверојатна книга 108 × 108.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

„Не треба ништо да правите, напротив, не треба да правите толку многу. Тоа е вашата најважна работа, вашата најдинамична акција: да не правите многу од она што го правите. Толку многу зборови што сте ги кажале ќе се слушнат кога ќе замолчите. Запрете го чекорот, запрете ја помислата на движење; престанете да се движите, престанете да сакате да се движите. И во тишината на таа станица, станете свесни како патиштата го менуваат правецот од секаде – веќе не водат од вас, туку до вас – напиша Јелена во описот на фотографијата што ја објави, на која позира покрај базен со насмевка и кренати раце.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Инаку Јелена е голема поддршка на својот сопруг. Низ сите спортски успеси, Новак е придружуван од сопругата Јелена Ѓоковиќ со која е од тинејџерските години.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Тие се запознале додека биле уште во средно училиште, летото 2005 година, кога Новак немал поим дека ќе стане еден од најдобрите тенисери во светот.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Ги поврза разговор за спортот, бидејќи тогаш Јелена се занимавала со атлетика.Новак тогаш имал 17 години и само што почнал да плива во професионалните води, а Јелена е 11 месеци постара од него.

FOTO: Profimedia

Тенисерот еднаш откри дека прво го привлекла насмевката на неговата сопруга, но истакна дека е благодарен што тие двајца се заљубиле пред да се случат неговите големи успеси.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

„На прв поглед ме освои со насмевка. Секако, изгледот е секогаш прв кој доаѓа до израз, но за љубовта е потребно многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех затоа што знам дека е со мене поради мене, поради Новак, поради детето кое го запозна на 17 години. Таа е мојата најголема поддршка, таа е способна, амбициозна и силна. Најмногу ми се допаѓа искреноста кај неа, тоа не прави среќни“, изјави Новак.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close