Дом и семејство
Погледнете во каква убавица порасна Ника Тошиќ: Помалата ќерка на Карлеуша целосно го промени имиџот- таа е копија на мама!
Ника добива низа комплименти...
Помалата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ е многу активна на социјалните мрежи па се почесто е и главна тема во медумите.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/12/ника-ѕ.png)
Имено 13- годишната Ника Тошиќ изгледа преку ноќ се промени па сега и годи тоа да биде дел од јавниот свет.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/nika-7.png)
До неодамна Ника воопшто не сакаше да се фотографира ниту да се експонира во медиумите но изгледа го промени своето мислење.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/nika-8.png)
Сега таа е една од највлијателните тинејџерки на Тик-Ток и е омилена меѓу врсниците.
Ника Тошиќ сосема спонтано стана водечка ѕвезда на социјалните мрежи, особено на Тик-Ток, а нејзините објави привлекуваат се поголемо внимание и коментари.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/76712_nika-tosic-instagram_iff-473x1024.jpg)
Иако поп-дивата постојано истакнуваше дека нејзината помлада ќерка е љубител на спортот и науката, во последно време се позабележителен е интересот на тинејџерката за модните трендови, а промената на Ника Тошиќ изненади многумина па таа доби низа позитивни коментари.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/04/nika-1.png)
Судејќи според видеата што ги објавува секоја промена на Ника Тошиќ предизвикува вистинска бура од коментари.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/04/nika-2.png)
Токму таков е случајот и со најновата објава, каде покрај талентот за музика кој го поседува, се забележува и нов имиџ и голема промена на Ника Тошиќ, која очигледно го следела примерот на мега популарната мајка, атрактивна русокоса Јелена Карлеуша.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/04/nika-3.png)
Ника со доаѓањето на пролетта реши да ја освежи косата со многу посветли тонови а нејзините следбеници едногласно коментираа дека новиот имиџ одлично и прилега.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/04/nika-4.png)
Во една прилика наследничката на Карлеуша зборувапе дека кога била помала водела голема борба со килограмите и дека многу нејзини врсници ја измевале, но изгледа сега тоа е минато па Ника секојдневно добива комплименти за својот изглед.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/ника-5.png)