Дом и семејство

Тажна приказна за жената која беше осудена да страда од самото раѓање- мислела дека нејзината мајка ја запалила, а кога ја дознала вистината се шокирала!

Животната приказна на младата Ени нема да ве остави рамнодушни

Животната приказна на 34 годишната Ени Прајс, од Сари буквално ќе ве расплаче.

 

Фото Инстаграм/Annie Price

 

Таа целиот свој живот живеела во агонија, мислејќи дека нејзината мајка не ја сака и дека се обидела да ја убie но кога ја дознала вистината таа се шокирала.

Лицето на младата Ени речиси целото е уништено од изгоре ници, за кои  мислела дека виновна е нејзината мајка.

 

Фото Инстаграм/Annie Price

 

Имено кога имала само четири месеци, Ени речиси и да изгорела во пожар. Поради нејзиното лице таа целиот свој живот се соочувала со непријатни ситуации и прашања на кои морала да одговара, но денес се соочила со вистината.

 

Фото Инстаграм/Annie Price

 

Ени Прајс целиот свој живот мислела дека нејзината мајка се обидела да ја запали, бидејќи кога била дете, така и било соопштено.

 

Фото Инстаграм/Annie Price

 

„Бев убедена во тоа. Кога сте мали, сите приказни кои ќе ви ги кажат ги земате здраво за готово. И јас се до сега се држев до официјалната верзија, дека мајка ми сака да ме у*ие “, вели Ени.

Пред извесно време ја дознала вистината

 

Фото Инстаграм/Annie Price

 

Ени пред четири години решила да тргне во потрага по вистината, и како што вели, да дознае зошто нејзината мајка се обидела да ја убие.

Но вистината била сосема поинаква, а Ени не очекувала со што ќе се соочи после толку години.

Тогаш дознала дека нејзината мајка всушност се обидела да и го спаси животот, додека во возилото во која била таа беснееше пожар. Вистината ја погоди. Таа се до пред извесно време не знаела за тоа.

 

Фото Инстаграм/Annie Price

 

Животот го минала плачејќи по нејзината мајка и не можела да се соочи со фактот дека ја оставила сама.

Ени живеела со нејзината мајка и нејзиното момче во камп приколка во која избувнал пожар кога таа имала четири месеци. Овој дел од приказната таа го знаеше тоа. Но, таа никогаш не открила како всушност се спасила. Таа знаеше само дека нејзината мајка побегнала од местото на настанот, по што изгубила трага, пренесува Сан.

 

Фото Инстаграм/Annie Price

 

„Децата ме прашуваа зошто лицето ми е такво и зошто мојата мајка била такво чудовиште. И мене ми пречеше тоа прашање, па тргнав во потрага по вистината. Дојдов во полициската станица во тој дел од земјата каде што живеев со мојата мајка, како и во противпожарната станица. После многу „чешлање“ на досиејата, полицаецот ми откри дека мајка ми била таа која ме спасила таа вечер. Таа влегла во огнот за да ме извади од приколката. Раката и горела, а јас во пожарот изгубив и еден прст. Таа немала со што да ми ја заштити главата, па затоа и лицето ми е толку повредено “, вели Ени.

 

Фото Инстаграм/Annie Price

 

Таа потоа отишла во противпожарната служба каде открила дека Џон Бејкерс, кој го изгаснал пожарот, сега е пензиониран.

 

Фото Инстаграм/Annie Price

 

„Тој ми кажа сè. Дека сите плачеле кога виделе дека сум жива. Тој ми рече дека не верува дека мајка ми сакала да ме запали, бидејќи била добра жена “.

По неколку години, истрагата покажала дека причина за пожарот била неисправна инсталација, но таа изгубила трага од својата мајка.

 

Фото Инстаграм/Annie Price

 

„Утврдено е дека мајка ми избегала од страв кога ме спасила. Веројатно мислела дека ќе биде обвинета за уби ство. Никогаш повеќе не се појави. Не знам зошто. Бев посвоена од едно благодарно семејство каде бев опкружен со љубов и сум многу благодарна за тоа. Тие ми ја дадоа целата љубов која ми недостасуваше. Мајка ми почина во меѓувреме, така ми рекоа, но никогаш не бев заинтересирана за неа. Едноставно верував дека е злобна, а тоа воопшто не било така но јас незнаев “, рече Ени Прајс, која денес е успешен фитнес тренер.

 

Фото Инстаграм/Annie Price

 

Фото Инстаграм/Annie Price

 

Инаку Ени денес е мажена и има прекрасно синче.

 

Фото Инстаграм/Annie Price

 

Фото Инстаграм/Annie Price

 

Фото Инстаграм/Annie Price

 

Фото Инстаграм/Annie Price

 

Фото Инстаграм/Annie Price

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close