Кафе муабет

Ова е жената која успеа да го скроти- Погледнете каква убавица е сопругата на Дадо Полумента!

Пејачот ужива во својата љубов со Ивона...

Дадо Полумента и не се обидува да сокрие колку ужива во бракот со манекенката Ивона Ивковиќ.

фото инстаграм

Тој со неа пронајде мирно прибежиште по два пропаднати брака.

Пред четири години Ивона и Дадо ја добија ќерката Алеа, а парот открива дека во 2021 година тие би сакале да имаат син.

фото инстаграм

– Сакаме уште еден член на семејството. Би сакале син, но најважно е да биде жив и здрав – вели Дадо, додека Ивона открива дека конечно било време пејачот да се смири.

– Време беше тој да се смири. Сè доаѓа во свое време. Кога беше помлад, важно му беше да работи. Со возраста, човекот ги има своите четири sида, саканата личност, децата. Никогаш не сум имала чувство на љубомора затоа што му верувам. Прво на себе, а потоа на него. Спијам мирно – истакна Ивона во едно интервју.

фото инстаграм

Пејачот додава дека со години бил во медиумски оган и дека сопругата и децата успеале да го смират.

 

фото инстаграм

– Бев во пламен десет години, немав одмор. И лошиот публицитет тогаш беше добар публицитет. Конечно сум среќен со нив. Јас сум слаб на Алеа. И таа е жива и темпераментна. Таа сака музика, јас скоро и купив мала клавијатура. Синот Доријан е целосно спортско момче и не го интересира музика. Тој е веќе фудбалер, тренира од својата седма година. Тој веќе девет години тренира фудбал, ќе го гледаме на големи стадиони – вели Дадо, кој од првиот брак со неговата поранешна сопруга Марија Ана има шеснаесетгодишен син Доријан.

фото инстграм

Ивона истакнува дека и покрај сè, Алеа и Доријан одлично се сложуваат.

фото инстаграм

– Тој живее со неговата мајка во Белград, а ние сме во Нови Сад. И покрај сето тоа, Алеа има прекрасно чувство за него. И двајцата се сакаат. Тие уживаат да бидат заедно. Одлично се согласувам и со неговата сопруга од неговиот прв брак. Децата се сакаат сигурно и поради тоа мора да се создаде чувство на топлина и љубов меѓу нив. Кога станува збор за воспитувањето на Алеа, јас сум построга од Дадо – изјавува Ивона, а Дадо открива дека на публиката и носи два албума.

фото инстаграм

Ивона и Дадо долго криеја од јавноста дека се венчаа во Шведска пред четири години.

– Венчавката се случи, без многу помпа. Ние се венчавме во Шведска кога се роди Алеа. Што треба да се каже, пред Бога и пред луѓето сме уште посилни. Не сакаме сите да пропагираат и да разговараат за тоа. Сакавме овој чин да биде свет – вели Ивона.

За потсетување, Ивона и Дадо се запознаа на снимањето на еден спот во 2015 година, во кој учествуваше и таа, и од тогаш се неразделни.

фото инстаграм

Неговата русокоса сопруга го привлекува вниманието каде и да се појави, а Дадо не ретко ја покажува на Инстаграм.

Таа и ќерката Алеа се вистински убавици, па погледнете зошто Дадо се гордее со нив….

 

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close