Кафе муабет
НИЕ ЖЕНИТЕ СМЕ ОПАСНИ ЗМИИ, СЕКОГАШ ИМАМЕ РЕЗЕРВА – пејачката Ирена Спасовска „распали“ по машкиот род
Секогаш директна и искрена..
Секогаш интересна за јавноста, знае како да привлече вниманието на публиката. Освен со богата музичка кариера, пејачката Ирена Спасовска може да се пофали и со одличен и бескрпекорен изглед.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/irena4.jpg)
Нејзините почетоци се заедно со Горан и Адријана Алачки. Триото кое редеше успеси во периодот од 1987 до 1994 годин додека постоеше.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/irena12.jpg)
Настапуваа на сите фестивали и манифестации во Македонија во тој период. Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/irena1-3.jpg)
Ирена е доста активна на социјалните мрежи и скоро не поминува ден, да не сподели некаква објава.
За да се одржи во добра форма, пејачката редовно вежба во теретана со личен тренер, внимава на изгледот, вегетаријанец е и се храни здраво.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/irena6.jpg)
– Мора да се следат светските трендови, ние не сме продавачки на цвеќиња, ниту продавачки во супермаркет и нормално дека од нас се очекува да има некоја попровокативна фотографија со која не само што ќе се привлече вниманието туку и ќе се истакне тоа што е убаво кај жената – истакна во едно свое интервју пејачката.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/irena8.jpg)
На тема – Колку луди работи правиме во љубовта? во емисијата „Нешто конкретно“ водителката Снеже Велков ги запраша гостите кој сака поненормално дали мажите или жените.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/irena3-1.jpg)
Гости беа Илина Ведран, Ирена Спасовска, Антонио Димитриевски и Жарко Димоски, сите говореа на темата според личните љубовни искуства во животот па така пејачката Ирена Спасовска изјави дека маж кога ќе засака жена тој е спремен се да направи за неа додека жените се змии кои секогаш имаат резерва.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/irena2-1.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/irena1-1.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/irena1-1-1.jpg)