Кафе муабет

СЕ ОМАЖИ ВНУКАТА НА ИГОР ЏАМБАЗОВ – Тој и Илина беа кумови

Игор Џамбазов ја омажи внуката...

Уште од првиот ден кога објавија дека се во врска, познатиот актер и шоуумен Игор Џамбазов и познатата алпиниистка Илина Арсова станаа омилени во јавноста.

       Фото:Инстаграм/Игор Џамбазов

Илина Арсова успеа да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти. Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест.

Фото:Инстаграм/Игор Џамбазов

„Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови“ рече во една прилика Илина.

Фото:Инстаграм/Игор Џамбазов

Неодамна, Игор на социјалните мрежи сподели убави вести.

Имено, тој ја омажи внуката Марија.

Фото:Фејсбук/Марија Прличкова Нешовска

Марија е правнука на познатиот македонски актер, Петре Прличко, кој бил прв братучед на нејзиниот прадедо.

  Фото:Фејсбук/Марија Прличкова Нешовска

Љубовта , Марија и нејзиниот избраник ја озаконија на интимна церемонија за најблиските.

Фото:Фејсбук/Марија Прличкова Нешовска

„Денес ја омажив внучката…

Најдесно е зетчето Емил , до него невевчето, Марија.

Плус Искра и јас, двете старосватици…

Деца, да сте среќни, вљубени, здрави и бериќетни!!!

Подарокот е од Илина Арсова , и ни фалеше многу…“ – напиша Игор на Фејсбук

Фото:Фејсбук/Марија Прличкова Нешовска

Невестата беше облечена во нежен елегантен фустан во беж нијанса.

Фото:Фејсбук/Марија Прличкова Нешовска

Младоженците направија убава прослава, Игор и Илина која беше оправдано отсутна беа кумови.

Фото:Фејсбук/Марија Прличкова Нешовска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close