Кафе муабет

“Знам дека ќе уmрам од пневмонија но сакам уште да живеам”: Се вакцинирав во Белград бидејќи за мене тоа значи живот!

Исповед на жена која се вакцинирала викендов со АстраЗенека во Србија...

Заклучно со четврток и петок, во Србија се вакцинирани повеќе од 22.000 странци, кои дојдоа или на покана од Српската стопанска комора или се регистрираа преку порталот за е-влада.

foto jutarnji.hr

Судејќи според коментарите во медиумите и на социјалните мрежи, повеќето имаат само пофални зборови за здравствените работници на местата за вакцинација, но и самата организација.

Покрај бројните позитивни искуства, ова е уште едно од странска државјанка на БиХ, која на Твитер се потпишува како „Селингерска“, а нејзините зборови ги пренесуваме во целост.

“Отидов да се вакцинирам во Белград, бидејќи тоа за мене значи живот. Минатиот јули успеав да ја победам короната и се уште не сум свесна како бидејќи на луѓето како мене, со хронично  заболување на белите дробови, не им беа дадени никакви шанси.

Со причина, бидејќи дури и најобичната пневмонија може да биде фатална. Пред шест години токму поради тоа добив доживотна агресивна терапија. Знам дека на крајот ќе умрам од ова, но можеби ќе имам уште 20 добри години. И јас сакам да ги живеам.

foto jutarnji.hr

Немам повеќе антитела. Ниту едно. Секое излегување за мене може да биде фатално. И не морам ни да излегувам надвор, мојот сопруг или син може да ми „донесат“ се што ми е потребно. Затоа вакцината значи живот. Но, не само за мене, туку и за вас кои сте потполно здрави. Короната е сурова и не бира. За жал, никој не е сигурен, никој.

Немаме време да чекаме да се натпреваруваат луѓе кои се неспособни да набават вакцини. Би одела да се вакцинирам било каде, ако тоа значи уште една година да го гледам детето как расте. Благодарна сум на тој вработен на граничниот премин за насмевката и зборовите – со среќа. Благодарен сум на стотиците луѓе кои работеа до доцните часови, да ни дадат шанса.

foto jutarnji.hr

На тој чувар, доктор и медицинска сестра, на сите во таа кошница кои работеа како на подвижна лента на која би и позавидел и BMW. Наместо да го поминат викендот со своите семејства, тие го поминаа со нас.

Сакале или не, тие биле таму и сториле сè за да се чувствува секој човек добро и да добие вакцина што значи живот. Ви благодарам од се срце “, пишува оваа жена.

Да потсетиме, досега во Србија се дадени 2.325.000 вакцини, од кои 920.000 граѓани ја примиле втората доза, рече директорот на Канцеларијата за ИТ и е-влада, Михаило Јовановиќ и наведе дека во вторник се очекува вакцинирање на уште еден милион граѓани.

фото профимедиа

Рокот на вакцината АстраЗенека со која масовно се вакцинираше викендов во Србија истекува

Изминатиот викенд десетици илјади граѓани се упатија во Србија каде се вакцинираше со вакцината АстраЗенека а за која е потврдено дека всушност има пократок рок на траење поради тоа што се чува на повисока температура.

foto ilustracija

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ за Телевизија Хепи потврди дека вакцините со кои се вакцинираа граѓаните викендов имаат рок на траење до почетокот на април, но и покрај тоа државата не сакала да фрла вакцини во момент кога останатите држави од регионот се соочуваат со недостиг на истите.

„Што се однесува до рокот на вакцината, мора да се знае дека рокот на секоја вакцина мора да заврши некогаш. Точно е дека вакцините на АстраЗенека имаат пократок рок, поради начинот на чување, односно може да се чуваат на температура меѓу два и 8 степени. Инаку, да, рокот истекува сега на почетокот на април, но знаете и нашиот потпретседател во Владата, министерот Недимовиќ се вакцинираше пред седум до десет дена, рече Брнабиќ.

foto ilustracija

„Но тоа не се случи заради тоа, затоа што истекува рокот на траење. Ние не сакаме да фрламе вакцини. Има земји кои фрлаа затоа што нема капацитети за организација сите луѓе да се вакцинираат, истакна Брнабиќ.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close