Кафе муабет
,,Не можат да поднесат што главата ми е секогаш гордо исправена’’ – СПЕНЏАРСКА ОД СОЛУН ОТКРИ ЗА ШТО И’ ЉУБОМОРАТ НАЈМНОГУ
Спенџарска сподели кои луѓе и за што и’ љубоморат...
Повеќе од 15 години е во медиумскиот простор.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Многу скандали, јавни препукувања, суспендирања од нејзината матична ТВ-куќа, но и многу телевизиско искуство и напорна работа стојат до нејзиното име.
Водителката Јелена Спенџарска важи за една од најатрактивните и најконтроверзни водителки во Македонија.
Беровчанката години наназад ја гледаме како дел од Утринската програма на Канал-5 телевизија.
Иако летото го искористи за шетање и три месеци беше на неплатен одмор, од септември таа повторно се врати на нејзината прва љубов – Телевизијата.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Освен телевизиската работа, Јелена е доста активна и многу популарна и на социјалните мрежи.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Нема дел од денот кој не го споделува со своите следбеници на Инстаграм.
Периодов Спенџарска во многу наврати споделува фотографии и моменти со своето момче.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Водителката до скоро не го покажуваше момчето во јавноста, но сепак реши токму на Католичкиот Божиќ да ги изненади своите фанови и да објави фотографија со саканиот.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
,,Нашиот прв заеднички Божиќ’’ – Конечно , напиша Јелена под фотографиите.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Спенџарска и нејзиниот дечко уживаа во Новогодишната атмосфера и заедно го прославуваа Божиќ во Солун.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Инаку, водителката можеме почесто да ја видиме во Грција, бидејќи нејзиното момче е од Солун, па Јелена оди почесто во негова посета.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Спенџарска обожава да се фотографира, а дел од нејзините објави допираат до многубројна публика. Посебно внимание посветува на описите под фотографиите.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Па така на последните фотографии кои ги објави од Солун, водителката сподели кои луѓе и’ се љубоморни:
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
,,Понекогаш љубомората не е од тоа колку повеќе си материјално богат. Луѓето ти завидуваат како и колку те сакааат другите и како ти покажуваат љубов. Луѓето ти завидуваат како ти се носиш со ситуации во кои тие најверојатно би изгореле. Тие мислеле дека нешто ќе те скрши, а тебе те направило посилен. Тие не можат да поднесат дека тебе главата ти е постојано гордо исправена. Луѓето ти завидуваат на твојата интелигенција и како едноставно правиш работите да се случуваат. Како лесно ги надминуваш проблемите во кои тие се гушат…, напиша Спенџарска на Инстаграм.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска