Кафе муабет

,,ОВАА МАЈКА ПОВТОРНО ЌЕ ГО УРНЕ ИНТЕРНЕТОТ’’ – Антониа Гиговска најави уште едно изненадување за нејзините фанови

Пејачката се ,,закани’’ дека повторно ќе го ,,урне’’ Интернетот...

Неодамна во јавноста одекна веста дека пејачката Антониа Гиговска го кажа своето судбоносно ,,да’’, а воедно таа сподели и дека е бремена.

Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

,,Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас.

Малечко мое, отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно.’’ – напиша Гиговска под фотографиите кои ги објави на Инстаграм.

Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

,,Прстенот го бирал сам. Умирам од среќа, си славам роденден, бебче, прстен,сееее’’ – додаде пејачката очигледно возбудена за сите настани кои и’ се случуваат.

Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

На фотографиите можеме да видиме среќен дечко кој позира со тестот за бременост во уста.
Имено, станува збор за новиот избраник на Антониа, младиот музичар Роберт Спасенцовски.

Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

Антониа и Роберт го прославija нејзиниот роденден на Копаоник.

Инаку Роберт познат под прекарот Џокер, е дел од нејзниот бенд, и периодот наназад често објавуваа заеднички видеа на Инстаграм.

Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

Покрај тоа тој е и долгогодишен пријател и со поранешното момче на Антониа, Иван Јованов – вокалистот од Либеро Бенд  според нивните заеднички фотографии и видеа.

Фото/Принтскрин

Покрај бременоста и запросувањето она кое одекна во јавноста е и новата песна на Антониа и Пајак – ,,Хабиби’’.

      Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

Песната стана доста актуелна и слушана, а на социјалната мрежа Тик Ток најверните фанови снимаат и видеа со неа.

Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

По повод популарноста која ја достигна песната Гиговска се обрати на својот Инстаграм профил:

,,Тооо. Искрено не очекувавме дека Хабиби ќе направи бум, и сме пресреќни. А кога веќе сме кај песни и музика, мислам дека ќе ве изненадам со она што следно доаѓа од мене – Немаме уште ништо финално, но идејата и замислата се тука, тоа е најважно – напиша Гиговска на Инстаграм.

Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

,,Оваа мајка  повторно  ќе го сруши Интернетот’’, додаде таа во описот на фотографијата.

Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

За што станува збор останува да видиме!

Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

Инаку, Гиговска музичката кариера ја започна во шоуто ,,Пинкови ѕвездички’’, каде го освои жирито со својот специфичен глас и вокални способности. Стручното жири имаше само пофални зборови за неа.

фото инстаграм/Антонија Гиговска

 

Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска

фото инстаграм/Антонија Гиговска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close