Кафе муабет

ШОК: Братот на Јоксимовиќ се разведува по 20 години брак- причината за распадот се Жељко и Јована?!

Саша не се огласи по оваа вест...

Веста дека по 20 години брак се разведува Саша Јоксимовиќ ја разбранува јавноста.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Најчудно е тоа што актерот и неговата избраничка, продуцентката Невена Ранковиќ Јоксимовиќ, важеа за хармоничен пар.

Изјавата дека Саша и Невена повеќе не се заедно дојде по скокотливата објава на актерот на „Инстаграм“.

Имено, тој игра во серијата „Игра на судбината“, а на својот профил објави фотографија со непозната девојка, а подолу напиша „Конечно слободен“, што ја скокотка фантазијата на фановите и предизвика сомнеж дека тој се разведува. Актерот не сакал за медиумите да ја коментира оваа вест а тоа уште повеќе ги подгреа сомнежите дека веста за разводот е вистина.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Бидејќи братот на Жељко Јоксимовиќ често е отсутен од дома, поради неговиот ангажман можно е тоа да биде една од причините, бидејќи далечината може да доведе до заладување во врската. Втората претпоставка се заснова на претходните изјави на Невена во врска со семејството на Саша.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Имено, продуцентката еднаш во една емисија изјавила дека нема помош од родителите на актерот, додека нејзината мајка и татко се секогаш тука за да и помогнат околу сите обврски.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

– Родителите на Саша мислат дека кога ни треба помош за куќата и детето, ми помагаат мене- изјави тогаш Невена, која во една прилика откри дека не е во добри односи со братот на нејзиниот сопруг, ниту со неговата сопруга Јована Јоксимовиќ.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Сето наведено може да биде причина за кавга, па дури и пропаѓањето на бракот.

За потсетување, во една прилика Саша за магазинот Glory.rs призна дека денес тешко би нашол партнерка како неа и кога би бил слободен, но и дека со својата сопруга имаат договор на секои 10 години да прават свадба.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

„И кога би бил слободен човек, не знам дали би се снашол да најдам девојка. Невена и јас сме генерација кога се уште се веруваше во љубов и немаше силикони, старлети и ријалити, како ни Фејсбук ни Инстаграм. Се свршивме во лето, и беше толку убаво што се договоривме на секои десет години да правиме свадба“ изјави тој.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Невена во заедничкото интервју истакна дека во љубовта е најважна почитта меѓу партнерите.

„Без него не можете ни кафе да испиете. Но важно е и тоа да ви биде интересно со вашиот партнер. Саша и јас можеме дваесет дена да бидеме затворени некаде заедно и повторно нема да ни биде досадно“, раскажува таа.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Невена покрај продукција има завршено и Филолошки факултет, каде студирала на отсек германски јазик. Многумина ја фалат бидејќи секогаш е дотерана и е вистински пример како денешна жена може да биде посветена мајка, сопруга за пример, а воедно и успешна деловна жена.

Таа во една прилика раскажа како нејзините родители го запознале зетот.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

– Прв пат го видоа на фотографија. Имав 17 години, тој во тоа време веќе студираше во Белград, требаше да одам кај него но моите рекоа „не може“. И тогаш мајка ми ме праша дали имам слика од него, и ’го покажав и ми рече „ Добро “. Таа беше сликарка, па можеше да препознае сè по сликата – рече Невена во емисијата „Магазин ин“.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Саша често пати знаеше да каже дека е  “луд и заљубен” во својата сопруга.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

– Јас сум луд и истовремено заљубен, во мојата сопруга. Дали е тоа можно? Да бидам и луд и заљубен – напиша Саша во описот на една заедничка фотографија која ја сподели на Инстаграм.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close