Кафе муабет

“Неможев да одам после првaта вечер”: 80 годишна баба открива детали за врската со 35 годишното момче со кое планира брак!

Ирис е лудо вљубена во 35 годишниот Мохамед

Ирис Џонс која има 80 години, а пред 40 години се развела од својот сопруг со кој има две деца, Стив (54) и Дарен (53).

Ирис, сега стана вистински хит откако изјави дека се заљубила во 35 годишно момче со кое наскоро планира да се венча.

Бабата која преку ноќ се прослави откако беше гостинка во британската утринска програма на телевизијата ИТВ, открива детали за врската со 35- годишниот Мохамед Ахмед Ирбрихам, кој го запознала на Фејсбук во 2019 година и за кого вели дека ја разбудил љубовта во неа, и она што 40 години било заборавено длабоко во нејзиното срце.

Ирис вели дека имаат многу заеднички нешта, и првично тоа ја привлекло кај Мохамед.

Таа во гостувањето дури отишла толку далеку што почнала да раскажува и каков бил чинот на водење љубов со нејзиниот млад партнер.

 

– Првата вечер, беше жестоко. Суровата вистина е дека никој не ми приоѓаше 35 години.  Се чувствував како да сум девица. Мојот поранешен сопруг постојано велеше дека сум ладна, а тоа ми го рече и кога се разведовме пред 40 години, но сега сигурно знам дека не вистина.

После првата вечер со Мохамед знаев дека тој е вистинскиот за мене.  Следниот ден не можев да одам, како да јавав коњ цел ден без седло, така ме болеа нозете“, рече таа, по што водителите Холи и Филип се изнасмеаа.

 

Ирис открива дека по првата вечер, уште неколку пати се состанала со Мохамед, а по четири дена решиле да се венчаат но не успеале бидејќи  Мохамед немал вистински документи.

Бабата искрено проговори за тоа што мисли нејзината ќерка за оваа врска, и вели дека Дарен изразила загриженост за неа, бидејќи според неа нејзината мајка е само играчка во рацете на 35-годишник од Египет кој сака само пари.
Тој е без работа, дојде од Гиза и тврди дека бил принуден да ја напушти работата откако неговиот шеф одбил да му даде пауза за да ја посети Ирис.

Ирис вели дека и покрај неуспешниот обид, ќе направи се за да се венча со Мохамед, бидејќи според неа, целиот живот го посветила во тоа да им удовли на другите, па сега сака да даде приоритет на својата среќа.

Двојката е решена Мохамед да дојде и да живее во Велика Британија, но неговата туристичка виза е одбиена поради недостаток на заштеда. Вљубената Ирис, вели дека по венчавката ќе се пресели во Египет за да живее со нејзиниот нов сопруг ако му биде одбиен престојот во Велика Британија.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close