Кафе муабет

Актерката која му се додворуваше на Новак и напиша порака на Јелена Ѓоковиќ

Марија беше воодушевена од Ноле бидејќи тој се согласи да се фотографира и да разговара со неа, но се чини дека таа сето тоа го сфати премногу сериозно...

Актерката Марија Каран (39) ги интригираше локалните медиуми откако наводно му се додворувала на светскиот број еден тенисер Новак Ѓоковиќ.

Фото: ATA Images

Таа беше на тапет во медиумите откако се разведе од нејзнот сопруг, кого го изневерувала со сегашниот партнер Владан Балабан, кој го напуштил семејниот дом во кој живеел со сопругата и трите деца.
Но згодната бринета повторно се најде во центарот на вниманието бидејќи фрли око на Ноле.

– Марија беше фотографирана со Новак на концертот на Дино Мерлин во Порто, Црна Гора, но се чини дека таа не беше имуна на неговиот шарм и името што го носи – изјави извор близок до актерката.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

– Марија беше воодушевена од Ноле бидејќи тој се согласи да се фотографира и да разговара со неа, но се чини дека таа сето тоа го сфати премногу сериозно. Додека беше опуштена на концертот, таа флертуваше со него, го гледаше и разговараше, обидувајќи се да го украде неговиот поглед – вели изворот и додава:

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

– Целата оваа ситуација ескалираше затоа што Марија објави фотографија со Ноле на својот Инстаграм, а сите медиуми ја објавија приказната дека таа му се додборувала на Новак.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Сето ова ја натера Јелена Ѓоковиќ да им се обрати на своите следбеници на Инстаграм, што воопшто не е типично однесување за неа

– Чудно е што Јелена одлучи да реагира токму сега и токму за овој скандал, бидејќи до сега никогаш не се повикувала на медиумските приказни за наводните неверства на Новак, а ги имало премногу – објаснува изворот.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Марија Каран ги заследи Новак и Јелена на Инстаграм, додека тие двајца учтиво го вратија пријателството. Изворот додава дека Марија дури и напишала на Јелена откако таа се огласи по веста дека сопругот ја изневерил со неа.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

– Откако Јелена бурно реагираше на наводите дека Каран флертувала со нејзиниот сопруг, Марија се најде во незгодна ситуација. Таа се обиде да ја поправи ситуацијата и да се оправда, па и се обрати на Јелена во приватна порака, со извинување и изјава дека Новак е само нејзин пријател – вели изворот за Ало.рс.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

За потсетување, кога во медиумите се појави информацијата дека Новак Ѓоковиќ наводно флертувал со познатата актерка Марија Каран, Јелена остро ги осуди ваквите написи и бурно реагираше.
„Ако не ја негираш лагата, бидејќи немаш одговор на таа глупост и едноставно не се занимаваш со тоа, за новинарите тоа претставува зелено светло да продолжат да пишуваат за тебе по весниците и да прават дворски шут од тебе. По 15 години пишување за аферите со секоја девојка од нашето заедничко друштво, сега толку добро нè знаат како двојка што дури знаат и дека сум љубоморна без зборови и дела (бидејќи тоа наводно не се гледа, но тие знаат или имаат веродостојни извори). А секако, кога не ја демантираш глупоста, таа автоматски станува мамка за идни објави за сега веќе бившите љубови… Бидејќи така се почитува ликот и делото на еден млад успешен спортист од нашата земја. Не е интересно тоа што е со мене сите овие години. Многу повеќе кликови носат аферите“, напишала Јелена Ѓоковиќ на својот инстаграм-профил.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

„Живееме во време кога човек навистина мора да се запраша што чита и кому му верува. Сета таа мрачна енергија што влегува во нас додека читаме вести исполнети со невистини и измами поради контрола, страв и со самото тоа и профит, не може никого да го инспирира да прави добри дела. Знаеме дека столбот на секое здраво општество е семејството, па зар е можно да ги користиме медиумите како средство да го оцрниме и разнишаме?! Дали тоа е рецепт за успех или за пропаст на едно општество? Вие проценете“, заклучи Јелена.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close