Кафе муабет

На нивната љубов завидуваа многумина: Вака се сакаа Бата и Лула, таа за него беше се, ја штитеше со својата љубов!

За нивната љубов се уште се зборува...

Бата ​​Живојиновиќ и неговата Лула важат за еден од најубавите парови на сите времиња, а нивната љубовна приказна е како бајка.

Тој ќе се за заљуби во жена што ја познавал уште кога таа била дете. Лула постојано се врткала околу него како помалата сестра на неговиот пријател. Со текот на времето, таа созреа, а Бата ја гледаше со други очи. Му се допадна. Воодушевен, тој ја гледал Лула како игра кошарка на Малиот Калемегдан. Таа беше убава девојка, рече Бата.

Тој се заљуби во неа и реши да го промени начинот на живот. Се посвети на нејзиното освојување, а Лула го прифати неговото додворување.

За една Нова година, Бата решил да и докаже на својата Лула колку таа му значи па и заѕвони на вратата неколку пати во текот на вечерта, а пред да се раздени, малку пијан, тој седеше во eден клуб „Млава“ а потоа го испрати својот пријател да ја доенсе Лула. Таа вечер знаеа дека припаѓаат еден на друг.

Песна, музика и добро расположение го означија почетокот на нивната љубовна врска.

Тие се венчаа (28.08.1960). Направија скромна но венчавка за пеметење. Тој најважен датум во животот го прославија во станот на мајката на Бата. И Бата и Лула ја исполниле желбата на мајката на Бата.

По 52 години подоцна, нивната љубов ќе ја официјализираат со црковна венчавка. Тоа беше желба на Лула, мала желба што Бата и ја исполни.

Бата во Лула виде жена која целосно го исполнува. И тој за неа беше се.

Од првиот бакнеж до бракот, раѓањето на деца кои „стареат“ ништо не се променило. Љубовта траеше непрекинато и траеше сè до нејзината смрт во 2019 година.

Нивната среќа беше во семејјниот живот. Лула знаеше дека Бата е само нејзин човек, дека неговата рака е туак за неа дури и кога тој отсуствуваше поради работа… Таа веруваше дека нивната индивидуалност треба да се развива само за да се зачува хармонијата на нивната среќа. Не и беше тешко да го надгради спокојството на духот, што беше потребно за живот со Бата, кој  во себе носеше само радост и живот.

 

Бата ​​беше нејзината инспирација а таа победи со својата нежност, весел дух, и љубовта кон него и кон животот, секогаш желна за песна и смеа. Тој ја штитеше кога и да беше потребно.

Бата имал необично хоби!

 

За легендарниот актер се раскажани многу занимливости и анегдоти, а меѓу оние помалку познатите е и приказната за неговото многу необично хоби. Верувале или не, Велимир Бата Живојиновиќ со децении си собирал сите обувки во кои ги снимал филмовите и сериите. Ги чувал сè додека неподнослива миризба не почнала да се шири низ неговата викендичка.

„Кога во 1955 година го снимав првиот филм „Песна од Кулубара“, одлучив од секое снимање да зачувам нешто за спомен. Костимографот ми даде чифт чевли, па одлучив да ги собирам и чувам обувките. Имаше тука и дрвени цокули и војнички чизми, и опинци, разни чевли… Собраните обувки во текот на годината ги носев во викендичката во Корачица, на Космај, и таму го редев во една остава меѓу куќата и гаражата, раскажа своевремено актерот Бата Живојновиќ.

– Кога од снимањата ќе соберев и по неколку десетина пара во кутии ќе ги однесев таму и ќе ги оставев. Таа просторија со големи плакари ми беше резервирана само за тоа, раскажа актерот.

Неколку години пред сmртта, кога Бата Живојновиќ после подолго време повторно бил во викендичката, почувстувал неподнослива миризба.

„Направив промаја, но не вредеше. Помислив дека се вовлекло некое животно и тука пцовисало. Зедов крпи и чистев во детергент, ги перев завесите во када, но смрдеата не исчезнуваше. Почнав да го мирисам секој дел од викендичката, бањата, кујната, се, а кога ја отворив вратата од оставата, ми стана јасно од каде е смрдеата. Се изнервирав и сите обувки ги исфрлив во дворот и ги запалив“, раскажа Велимир Бата Живојиновиќ за своето необичо и помалку смешно хоби.

Актерот пoчи на по долго и тешко бoледување. Зад себе остави стотици филмски и телевизиски улоги по кои ќе го пометат многу генерации на овие простори.

 

 

Бата е рекордер по бројот на улоги – околу 300 главни и епизодни, а бил познат и по тоа што никогаш не ги одбивал. Публиката го памети по улогите во партизанските филмови снимани во шеесетите и седумдесеттите години: Валтер во „Валтер го брани Сараево“, на Хајрудин Крвавац, во „Битката на Неретва“ и „Козара“ на Вељко Булајиќ, како пијаниот Загорац во „Брези“ на Анте Бабаја, како и по улогата во „Во вилиците на животот“ на Рајко Грлиќ и многу други.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close