Кафе муабет

Карлеуша повторно изненади: Откри каков татко е Душко- нема да верувате како го нарече

Вели дека таа е построг родител...

По повод новогодишниот настап кој во најлудата ноќ пoп дивата Јелена Карлеуша организираше средба за новинарите и разговараше за многу теми.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Јелена ги прокоментира нејзините бурни врски на јавната сцена, како онаа со колешката Дара Бубамара, која повеќе не ја следи на „Инстаграм“, така и со одредени актери кои јавно ги посочи поради нивното сурово постапување кон животните. Имаше можност да се коментира и за врската со Душко Тошиќ и нивното заедничко воспитување на ќерките Атина и Ника.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

-Не сум повредена, не можам да и забранам на Дара со кого ќе се дружи или што ќе прави, таа е возрасна жена. Сечии постапки одат на име, лице и чест. Ниту ќе ја обвинам ниту ќе ја превоспитам, секој има право да се однесува со другите како што му одговара. Вистина е, бев на нејзиниот концерт и со сите сили се трудев да помине добро, бидејќи таа беше во животна ситуација во тоа време која не беше толку сјајна и затоа сакав да и помогнам од дното на моето срце, и верувајте повторно би сакала, не само на неа туку и на секој колега. Ниту барам ништо за возврат, ниту очекувам некој да ја смени одлуката со кого се дружи, тоа не би било фер од мене. Затоа, пуштете ја Дара, нека живее и работи како што мисли дека треба – рече Карлеуша.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Јелена истакна и дека и покрај тоа што нема многу пријатели, туку оние вистинските се бројат на една рака, таа е среќна жена бидејќи има прекрасно семејство и пријатели за цел живот.

Фото принтскрин/Инстаграм

-Јас не се дружам со никој од естрадата. Не одам на гости кај никој, немам интимни разговори со никој но има леѓе кои ги чувствувам со срце и кои ми се допаѓаат како жени со кои јас наоѓам сличности. Генерално жените кои ја работат оваа работа на Балканот се несреќници, кои ќе ум-реме од зависта на другите луѓе, од лажни пријатели, од лажни мажи, од медиумите од се она што не прави популарни.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Тешко е да се биде успешна, јака жена во Србија бидејќи тоа со себе носи голем број навреди, поредрасуди, неправди.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Јелена прозборе и за своите ќерки. Со оглед на тоа дека постарата ќерка веќе заплови во манекенските води, акцентот беше ставен на помалата ќерка Ника која е се попопуларна на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

-Ника е во години кога смета дека има вишок килограми. Дека не е доволно добра, не е доволно витка, но многумина велат дека таа е нашата идна манекенка. Двете се девици во хороскоп, држат се во себе, но кога им ги проверив профилите и кога видов што пишуваат, сфатив дека моите деца се зрели, озбилни и појаки отколку што мислев. бидејќи никогаш што и да прочитаат не коментираат дома, несакаат д аја нервираат мама а кога јас ќе започнам да зборувам за тоа тие само велат мамо добро знам. Душко е како и секој татко касичка- прасенце за девојчиња. Тие озбилни разговори ги прават со мама, но и тој максимално се труди колку што тој може и знае збори со нив. Јас морам да го пофалам Душко, бидејќи никогаш не се побунил или контрирал на било која моја воспитна одлука кога станува збор за Атина и Ника. Не само што има доверба во мене, знае дека јас мислам најдобро за  нив, не ми се меша бидејќи знае дека јас не попуштам, рече Јелена.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close