Новости

НАУЧНИЦИТЕ ВО ШОK: Коронавирусот мутираше во Норвешка- ваква промена до сега не е забележана!

Ковид-19 мутираше во Норвешка

Се чини дека набрзо не се гледа крајот на вирусот крона.

Во Норвешка е откриена нова мутација на коронавирусот САРС-КоВ-2, ова денеска го потврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад за норвешкиот таблоид Верденс Ганг.

Научниците утврдиле дека една варијанта на вирусот има различна способност да се поврзе со човечките клетки.

Како што велат, ова е првпат да се забележи оваа мутација во Норвешка, а засега не е познато како вирусот влегол во земјата.

Русија, која систематски ја проучува генетската разновидност на SARS-CoV-2 верзиите до сега не идентификува ниту еден нов вид на коронавирус што би можел да биде суштински различен од оној што циркулира во други земји.

FOTO: PROFIMEDIA

“Добиените податоци се користат за да се анализира релевантноста на системите за дијагностички тестови и да се помогне во идентификување на увезените случаи и да се проценат регионалните карактеристики на генетската разновидност на САРС-КоВ-2. До денес, во Русија не се изолирани соеви кои би можеле драстично да се разликуваат од оние познати во други земји.” , се наведува во соопштението.

Наспроти ова, норвешкото Министерство за здравство наведува дека сепак е откриена уникатна мутација на коронавирусот кај луѓето кои патувале со автобуси во различни делови на земјата.

“Вирусот припаѓа на генетска подгрупа и има уникатни мутации што досега не сме ги виделе во Норвешка. Една од овие мутации може да ја зголеми способноста на вирусот да зарази клетки и на тој начин да биде уште позаразна”.

Во Норвешка имаше случај на повеќе од 100 новозаразени кои беа поврзани со 6-дневно патување кое започна на 15 септември. Тие биле на турнеја низ Норвешка и поминале  6 ноќи на различни локации. Патниците биле на возраст од 67 до 84 години.

Foto: EPA/Ole Berg-Rusten

Коронавирусот прво го напаѓа нервниот систем

Неодамна истражувачите од Универзитетот во Синсинати кои го испитувале заболените од ковид-19, дошле до шокантни резултати зошто откриле појава пред било која манифестација на телесни симптоми.

Во ова истражување учествувале 114 пациенти со симптоми на болеста, а резултатите покажале дека дури 47,7 отсто од учесниците пред појавата на телесни симптоми чувствувале депресија и силен напад на анксиозност.

д-р Ахмад Седат, кој е коавтор на студијата, напоменува дека знаците на анксиозност и депресија се разбирливо поврзани со симптомите на ковид-19 зошто вирусот го напаѓа централниот нервен систем, но не предизвикува посериозни нарушувања.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close