Новости

Раде Шербеџија ги исклучи од наследството децата од првиот брак- потпиша брачен договор а еве што поседува!

Со својата сопруга Ленка потпишаа брачен договор

Раде Шербеџија и Ленка Удовички, по цели 26 години брак решија да потпишат договор за брак, со кој таа доби недвижен имот, а Раде уживање во него сè до неговата смрт, тврди порталот Империјал.нет.

Со овој договор, во 2017 година, Ленка стана сопственик на четирисобен стан во Риека и куќата на Раде во Барбарига, на што Република Хрватска исто така го бараше правото затоа што беше во социјална сопственост.

 

foto imperijal.hr

Славната двојка со потпишување на овој договор се доближи до познатите холивудски парови кои секогаш потпишуваат предбрачни договори, пред конечно да стапнат на лудиот камен.

 

foto nezavisen vesnik

Со овој договор за брак, Раде доби право да ужива во станот додека е жив. Исто така постои и хипотека на станот на Риека од 23.08.2011 година во износ од 180.000 евра регистриран во корист на Загребачка банка. На истиот заем, регистрирана е секундарна хипотека на куќа со земјиште што Раде Шербеџија успеа да ја регистрира на 29 октомври 2010 година.

 

 

Патем, ова е имот со вкупна големина од 1.947 квадратни метри. Имено, таа недвижност е регистрирана како општествена сопственост на компанијата Пула за трговија, угостителство и производство – „Пуланке“.

 

Инаку, Раде Шербеџија често пати објавува фотографии токму од оваа куќа во Пула, однодно од викендичката во Барбарига, каде често готви и го снима сето тоа.

Раде Шербеџија (74) и Ленка Удовички (53) се венчаа во 1991 година.

foto Gord magazine

Тие се во брак повеќе од 28 години, и од нивната љубов се родија три ќерки, Милица Алма, Нина и Вања.

Според она што се зборува во јавноста, можно е брачната двојка да одлучила да склучи договор за брак со цел да ги исклучи од наследството децата од првиот брак на Раде, Луција и Данило Шербеџија.

Раде беше во брак со Иванка Церовац а се разведоа во 1987 година. Рае на својата прва сопруга и посвети и збирка песни во која напиша: „од нас не останува ништо друго освен две возрасни деца кои со своите животи не убедуваат дека тоа не е само сон и илузија“. Поранешните сопружници останаа пријатели дури и по разводот се до 2010 година, кога Иванка Церовац ненадејно почина од мозочен удар на 63-годишна возраст.

фото нова тв

Инаку Раде Шербеџија е еден од најпознатите хрватски филмски, телевизиски и театарски глумец со српско потекло, кој своето најуспешно филмско достигнување го достигнал во 1986.кога и двете улоги во филмови добиваат титула најуспешен на пулскиот фестивал: револуционер кој не се снаоѓа во повоениот период во Вечерни Ѕвона на Лордан Зафрановиќ (Златна арена) и работник огорчен од сиромашниот живот и животните тешкотии во Сонот за ружа Ж. на Тадића (Голема Повелба во Ниш).

фото кајгана.мк

Во 1982 година ја доби годишната награда на австралиската телевизија Сами за главна улога во екранизација на драмата Ослободувањето на Скопје на Д. Јовановиќ.

Во 2014 година филмскиот фонд на Македонија му додели 500.000 евра Шербеџија за о потребите на филмот „Ослободување на Скопје“ кој всушност беше прв режисерски филмски проект на Шербеџија. Во 2014 година Шербеџија и официјално доби македонско државјанство на негово барање, како уметник од национален интерес на Македонија во културата.

фото фактор.мк

Раде Шербеџија во 2011 година е вклучен во листата на „100 најпознати Срби во светот“ на Прес Магазин.

foto zenski magazin

Во февруари годинава Раде Шербеџија во Македонската филхармонија, направи концерт за паметење.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close