Дом и семејство

“Моето срце е единствено и јас сум уникатна”- Ова девојче живее со срце надвор од градниот кош!

Ова девојче од Флорида ги победи лошите прогнози на докторите

11 годишната Вирсавија Борун-Гончаров е родена со исклучително ретка состојба и е вистинско дете херој.

фото инстаграм

 

Таа додека била во матката, нејзините ребра и стомачните мускули не се формирале правилно. Како резултат на тоа ова девојче од Флорида живее со срце кое се развило надвор од нејзините гради.

 

фото инстаграм

 

Кога нејзината мајка била бремена, докторите и кажале дека нејзината ќерка најверојатно ќе умре за време на бременоста или кратко време по породувањето. Но денес Вирсавија успеа да ги победи лошите прогнози и преживеа, а сега е успешна тинејџерка која ужива да пее, танцува и игра со своите пријатели.

 

фото инстаграм

 

“Таа навистина е чудо и ја сакам онаква каква што е. Таа е апсолутно уникатна. Таа е една во милион. Нејзиниот брат Ервин сака да и се доближува на срцето и да го допира. Мисли дека нејзиното срце е нешто волшебно и убаво. Само ќе легне на Вирсавија како би го почувствувал нејзиното срце како чука “, рече гордата мајка.

 

фото инстаграм

Оваа состојба, наречена Пенталогија Кантрела, се појавува само кај еден од милион луѓе.

Иако ова не предизвикува болка кај девојчето, нејзиното срце е во опасност бидејќи лежи веднаш под површината на кожата и е изложено на ризик.

 

фото инстаграм

Ова значи дека Вирсавија мора да внимава да не ги повреди нејзините гради бидејќи тоа може да биде неверојатно сериозно, па дури и фатално.

За да го заштити срцето и да спречи какви било повреди, таа обично носи прекривка од градите.

 

фото инстаграм

 

Но, Вирсавија страда и од конвентрикуларен ВСД – срцев дефект што предизвикува дупка во срцето, каде што треба да се сретнат делови од вентрикуларниот септум.

 

фото инстаграм

 

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close