Дом и семејство

Радосни вести од семејството Шаулиќ: Михајло стана татко- Марина ја сподели првата фотографија од бебето

На среќата и нема крај...

Семејството Шаулиќ од вчера е побогато за уште еден член, бидејќи Марина, сопругата на Михајло Шаулиќ, генералниот конзул на РС во Цирих, роди девојче.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

Според она што го објавија вчера медиумите, породувањето поминало совршено, а среќните родители решиле детето да го крстат Мања.

фото Ало.рс

По трагичната смрт на кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, малата Мања донесе многу радост и нови надежи, а пресреќната баба Гоца ги сподели првите впечатоци.


-Сите сме во шок од среќа, Мања ни е благослов. Сигурна сум дека денес Шабан би бил најсреќниот човек на светот бидејќи отсекогаш сакал да го види Михајло исполнет во улогата на татко. Сакам да се заблагодарам на нашата семејна пријателка, доцент доктор Ивана Ликиќ Лаѓевиќ, која го водеше породувањето. Во нејзиниот тим беше и докторот Игор Пилиќ, синот на професорот доктор Жарко Пилиќ, кој ме породи мене со Михајло пред 37 години – изјави за Курир гордата баба  Гордана.

FOTO: PINK.RS/J. MATIĆ

Инаку, името Мања е варијанта на името Марија, преземено од руски. Марија е латинска форма на хебрејското име „Миријам“.

фото архива

Како името на мајката на Исус, името има симбол на чиста и длабока љубов. Значењето на самото име не е дефинитивно разјаснето.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

Според постарите толкувања, името потекнува од хебрејскиот збор „мир“ = „горко“ и „јам“ = „море“, па значењето би било „горчината на морето“. Според последните толкувања, се претпоставува дека името го добива своето значење од египетското „mry“ што значи „моја сакана“.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

Гордата мама Марина вчера на својот Инстаграм профил објави и прва фотографија од наследничката и доби низа комплименти.

фото инстаграм/Марина Шаулиќ

Сите и посакаа здравје и долг живот, а веќе има и поделени мислења за тоа на кого повеќе личи.

Story.rs

Инаку, породувањето поминало добро, а семејството Шаулиќ веднаш се упатило во еден белградски ресторан да го прослават доаѓањето на бебето, пишува Курир.рс.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close