Кафе муабет

,,МИ ЛЕТААТ 30-ТИТЕ…’’- Пејачката Бојана Скендеровски го прослави 39-тиот роденден

Пејачката славеше роденден...

 

Неодамна ја промовираше нејзината најнова песна и покажа зошто треба да се цени и слуша македонска музика.

,,Ми треба’’ е насловот на новата песна на македонската популарна пејачка Бојана Скендеровски.

Новата песна која неодамна се промовираше во Скендеровски продукција е всушност продолжение на хитовите кои Бојана ги нижеше од месец јануари,  годината што измина.

 

Песната ја има во две верзии македонска и српска.

Српската верзија на песната е ,,Докажи’’.

Бојана Скендеровски својата музичка кариера ја започна во 2002 година на изборот ,,М2 потрага по ѕвезда’’.

Неодамна  таа одбележа 20 години јубилејна кариера, а наскоро најави и солистички концерт.

Низ текот на годините можевме да ја видиме и во улога на автор и водител на емисијата ,,Улица Македонија’’.

Неколку години е во брак со Васко Скендеровски кој е сопственик на ,,Скендеровски продукција’’.

Како круна на бракот ја имаат ќеркичката Искра и синчето Ѓорѓи.

Бојана, недамна го прослави нејзиниот роденден.

Семејството собрано во познат скопски ресторан, славеше за 39-тиот роденден на пејачката.

Мојата база,моето прибежиште,мојата фамилија….

Драги мои,толку љубов и убави мисли ми посакавте денес,навистина се чувствувам најбогата на светот!

Ми летаат 30-тите…оваа година 39,наредната ќе ја заокружам и прославам со некој голем настап заедно со Вас, напиша пејачката во описот на фотографиите кои ги објави на Фејсбук.

Среќен роденден Бојана!

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close