Дом и семејство
Ме загледуваа на улица и коментираа за моите ќерки со Даунов Синдром: Искрена исповед на една мајка!
Сара се соочила со многу негативни коментари на сметка на нејзините ќерки
Кога имала 20 години Сара Прелевиќ од Подгорица ги родила близначките Ирма и Илда, девојчиња родени со Даунов синдром.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/даунов-10.png)
Дека мајчината љубов и истрајност е поголема од се докажува и нејзиниот пример.
Како самохрана мајка Сара успеа да ги сруши предрасудите и иако откако ги роди близначките се соочуваше со тежок период од животот сепак таа храбро се бореше за своите деца.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/даунов-12.png)
Сара вели дека на почетокот била срушена од веста дека родила девојчиња со Даунов синдром но денеска е пресреќна поради нив. Вели за неа тие се дар од бога, како и секое друго дете.
Таа посочи дека морала да се соочи и со негативни коментари од луѓето, но денес девојчињата имаат десет години и сите зборуваат за нив и сите ги обожаваат, и има сè помалку луѓе кои први ја забележуваат нивната состојба.
– Од самиот почеток тоа многу влијаеше на мене, бев многу помлада, некако беше многу тешко да се надмине сето тоа. Луѓето ве гледаат, па ви станува непријатно, па дури и кога ве исмеваат или зборуваат зад грб …
Сега не се борам, иако се помал е бројот на негативни коментари од луѓето рече Сара за Телеграф.рс.
Таа е мајката која успеа да ја развие свеста на луѓето дека сите деца заслужуваат да бидат среќни и сакани, без разлика колку се различни.
Сара се додека не го запозна Веско сама се грижеше за своите ќерќички, но денес таа е пресреќна и со него има уште една ќерќичка Ина која има две години, а искрената мајка велид ека воопшто не стравувала дали и таа ќе се роди со пречки во развојот, како и нејзините сестри.
– По тестот кој го направив и дознав дека сум бремена, си реков ќе уживам секој ден.
Медиумите во целиот регион ја нарекоа мајка кралица, лавица и се прашуваат како успева да се бори за своите деца.
– Јас секогаш велам дека многу мајки се борци и дека скоро секоја мајка се откажува од многу работи во животот со цел нејзиното дете да биде среќно. Јас не сум ништо посебно, го правам истото и гледам на моите деца како и секоја мајка – вели оваа скромна мајка.
Сара е многу активна и на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 120.000 луѓе. Нејзиниот профил носи насмевка на лицето на секој што го посетува, бидејќи на нејзините фотографии има девојки кои се весели и среќни.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/даунов-гхсхс.png)