Дом и семејство

Како еден татко ги превоспита разгалените ќерќи за два дена: Се по заслуга!!

Таткото успеа во својата цел да ги превоспита своите девојчиња

Оваа тажна приказна за еден самохран татко кој прерано ја загубил сопругата, доаѓа од соседна Србија и е навистина поучен.

 

 

Имено таткото на две девојчиња секојдневно се соочувал со непријатни ситуации, а најтешко му било кога тие влегле во пубертет.

Тогаш тие станале вообразени, барале сè што е можно од нивниот татко а за возврат не давале ништо. Не се грижеле ниту за куќата, ниту за готвење, се било оставено на грбот на нивниот татко.

 

 

Тие бараа скапа облека, луксузни телефони, сè што сака секој тинејџер. Можеше да им го обезбеди тоа, но во еден момент, однесувањето на девојчињата го натера да им одземе сè, раскажува близок пријател на таткото и продолжува: 

 

 

Бевме со нив на вечера и мојот пријател готвеше, но тој немаше време да ги мие садовите и да ја исчисти куќата. Потоа ги праша своите ќерки: Девојки, сè е во хаос, можете ли да исчистите малку? И вашите соби се хаос.

Дали ни наредуваш? Ти немаш право на тоа иако си ни татко, одговориле девојките додавајќи дека, законот вели тие сами треба да одлучуваат за нив.

По ова девојките ја напуштиле кујната и се упатиле во своите соби трескајќи ги вратите.

– Пријателот само неколку моменти гледаше тивко на нивната врата, а потоа се врати да разговара со нас. Искрено, многу ми беше жал, вриев од бес и размислував која ќе биде најдобрата казна за овие вообразени девојки, доколку јас бев нивни родител.

Го гледав мојот пријател и се чинеше како тој целосно да заборавил што се случило. Седевме со него уште неколку часа, а девојките за сето тоа време не излегоа од собата. Му понудив да ги измијам садовите, но тој учтиво одби и рече дека нема потреба.

Како успеа да ги превоспита ?

Да, овој татко макотрпно дење ноќе се труди за своите жерки, но на крајот успеа и за само неколку дена да ги превоспита, а еве и како.

По неколку дена, испивме кафе и не можев да издржам а да не го прашам како може да го толерира дрското однесување на неговите деца, раскажува пријателот.

Тој се смееше и рече: За два дена тие беа целосно променети. Сега куќата е средена, се е ена свое место а почнаа и да готват, одговорил таткото.

Прашав како, искрено и воопшто не верувајќи дека е вистина. Тој одговори:

“Таа ноќ чекав да заспијат, па влегов во нивните соби им одзедов се што сум купил: лаптопи и мобилни телефони, нови патики, јакни и торби, ги спакував во торба и ги скрив во багажникот на автомобилот.

Ги оставив садовите и нередот во куќата, а оставив и порака до моите ќерќи дека ке добијат назад се што им било одземено доколку го променат своето однесување и почнат да се грижат за домот.

Тој е свесен дека тоа го сториле за да им ги врати телефоните, компјутерите и облеката, но тој навистина се грижи. Тој верува дека ја научиле лекцијата и која им ја посочил: Ако сакате да добиете нешто, мора да дадете за возврат.

(Stil.kurir.rs)

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close