Кафе муабет
Конечно откриен односот снаа-свекрва: Еве какoв е односот на Брижит со мајката на Макрон!
Ја прифатила нивната љубов...
Брижит Макрон важи за сопруга која му дава огромна поддршка на својот сопруг, а покрај тоа, кога е во прашање нивниот приватен живот, таа е задолжена за одржување блиски односи во семејството а за нејзиното пријателство со мајката на францускиот претседател често се зборува .
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/макрон-13.png)
Односот меѓу свекрва и снаа не е секогаш баш најдобар, а сосема е сигурно дека на Емануел Макрон му беше тешко во еден момент од животот, бидејќи врската помеѓу неговата сопруга и неговата мајка беше прилично комплицирана. А за тоа зборуваше авторот Гаел Шакалоф во новата книга.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/макрон-14.png)
Со години се зборува дека свекрвата и снаата немаат добри односи, но Франсоа, мајката на Макрон се обиде јавно да го прикрие тоа велејќи дека првата дама не ја смета за убавица, но за неа таа е пријателка која никогаш ја немала и на која бескрајно и верува.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/makron-10.png)
Сепак, и требаа години да сфати дека токму Брижит е љубовта на животот на нејзиниот син.
На почетокот на нивната врска, Франсоа постојано ја предупредуваше Брижит да се држи настрана од нејзиниот син, нагласувајќи ја 23-годишната разлика меѓу нив:
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/makron-11.png)
„Не разбираш, веќе го имаш својот живот, а тој не сака деца… Ти забранувам да го гледаш до осумнаесет години“, се зборовите што таа наводно и ги кажала на својата снаа пред долги години.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/makron-7.png)
Брижит наводно одговорила дека не може ништо да и вети. Свесна дека апсолутно ништо не може да направи, Франсоа му се доверила на Гаел Шакалоф.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/makron-3.png)
„Го познавам Ману и знам како е кога ќе се заглави во нешто…и не сака да замине…“
Врската и љубовта на Емануел и Брижит Макрон е нешто со кое Франсоа на крајот мораше да се помири, свесна дека нејзиниот син никогаш нема да ја остави 23-години постарата професорка. Сепак, не може да се каже дека не пробала апсолутно сè.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/makron-9.png)
Иако тврди дека тоа не е вистина, гласините биле јасни и гласни – за да го оддалечи од Брижит, последната година од неговото школување, мајката на Емануел го испратила во Париз.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/makron-5.png)
Авторката на книгата наводно рекла дека морала да направи такво нешто, за да се обиде да го спаси. Сепак, и покрај годината што ја помина во Париз, по враќањето дома и кажа на мајка си дека сè уште ја сака Брижит.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/макрон.png)
Неговата љубов за неговата сопруга најдобро го опиша новинарката Ен Фулда:
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/makron-4.png)
За тоа колку тој ја обожава Брижит доволно зборува фактот што пред него да се соблече Летиција Каста тоа не би му значело ништо. Љубовта меѓу Емануел и Брижит е нераскинлива.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/makron-10.png)
Во секој случај, денес, Брижит е таа која се грижи за односот помеѓу нејзиниот сопруг и неговото семејство па ги кани на празнични ручеци и вечери, семејни дружења, но и свечени церемонии во Елисејската палата.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/makron-6.png)
Според сите написи, мајката на Емануел го прифатила фактот дека тој ја сака Брижит и дека нема ништо лошо во тоа.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/11/makron-12.png)