Кафе муабет

Познатата пејачка му е тетка на Драшко: Од прва рака открива детали за врската со Тања Савиќ- ова што го кажа ќе ве шокира!

Венди вели дека никогаш не биле во врска...

Весна Вукелиќ- Венди е во блиска роднинска врска со градоначалникот на Бањалука Драшко Станивуковиќ!

ФОТО: Драшко Станивуковиќ / Инстаграм

Како што откри пејачката за еден медиум, таа е тетка на познатиот политичар и одвреме-навреме се гледаат кога ја посетува Бањалука, како што беше случај неодамна на прослава со заеднички роднини.

фото инстаграм/ Весна Вукелиќ- Венди

– Така е, добро сте виделе. Со Драшко сме блиски роднини, горда сум на тоа, на моето потекло и на моите роднини воопшто. Прадедо ми и прадедото на Драшко се биолошки браќа, односно татко ми и бабата на Драшко се брат и сестра од вујко, значи јас сум тетка на Драшко. Па, затоа реков дека Тања Савиќ не била во врска со Драшко, кога се случи таа афера. Знаев дека е невозможно бидејќи тој е мој роднина и немаше да падне толку ниско – објаснува Венди и додава дека фотографиите со градоначалникот на Бања Лука што ги објавила на социјалните мрежи се направени пред неколку дена.

Фото Инстаграм/Драшко Станивуковиќ.

– Сите заедно бевме на свадба. Сестра ми Мирјана која живее во Австралија правеше свадба, а Драшко како градоначалник ги венчаше неа и нејзиниот сопруг. Беше навистина прекрасно – вели пејачката.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Инаку токму пејачката Тања Савиќ неодамна ја разбранува фантазијата на фановите кога на својот Инстаграм профил објави фотографии со „венчаница“ и во локацијата обележа Бања Лука, па сите алудираа дека се омажила за градоначалникот Драшко Станивуковиќ.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Таа тогаш призна дека целта и била да ја вознемири јавноста.

фото инстаграм/Тања Савиќ

-Тоа беше целта да се вознемири целата јавност. Сето тоа беше маркетинг за мојата нова песна. Правам се во движење, живеам за моменти, таква сум. И кога барам совет од некого, слушам, но на крајот правам како што јас сакам. Новинарите се шегуваа, решив да им вратам малку. Облеков венчаница, се обидов да видам како ми стои, бидејќи не ја облеков на мојата свадба, тоа беше само граѓанска свадба, не се венчав во црква. Да ме прашавте дали посакувам пред десет години, ќе речев да, сега ми помина. Мислам дека го надраснав тоа – истакнува Тања.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Тања во разговорот признала дека повеќе не е во контакт со Станивуковиќ и дека ја прекинале врската.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

– Го поздравувам Драшко во оваа прилика, веќе не сме во контакт! Виртуелно раскинавме. Сето тоа траеше една година. Дали се слушнавме тој ден кога ја закачив сликата во венчаница, подобро да не зборувам понатаму… Во суштина, кога имаме некаква комуникација, тоа е во границите на културата, но прекинавме. Веќе најде девојка, сигурна сум, но тој треба да има мир – открива Савиќ, и додава:

фото Инстаграм/Тања Савиќ

-Убаво е да имаш некого, а го немаш, а тој некој воопшто не ти пречи, не те напнува, не те притиска, не е со тебе, а сепак сите ти честитаат. Интересно, навистина. Никого не обвинував за ништо, едноставно таква сум, го немам тоа во себе и не се налутив. Сето тоа го пуштам да оди како што оди, пак велам, живеам за моментот – низ смеа истакна Тања во емисијата „Премиера – Викенд Специјал“.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close