MAMA
Киднапираното девојче се врати во своето семејство после цели 53 години
Никогаш не верувале дека ова чудо може да се случи
Жена која била „украдена“ од нејзиното семејство во Велика Британија кога имала само четири години и ја израснале патници во Канада и Нов Зеланд, пред да се пресели во Австралија, повторно се обединила со своето биолошко семејство.
Сузан Џервејз(57) била земена од нејзиното биолошко семејство во Понтефракт, Западен Јоркшир во 1969 година, откако патници кои биле на своето патување ја поканиле на одмор во забавниот парк Дизни.
Двојка од Шкотска, побарала дозвола од биолошката мајка на Сузан, г-ѓа Џервејз, да го земат девојчето со себе да им се придружи на патувањето, со ветување дека потоа ќе ја вратат во Англија.
Парот, на кој им бил дадена копија од извод на матична книга на родени и согласност од мајката за да ја поведат на патување, наместо патувањето во Дизниленд, го однеле детето со себе најпрво во Канада, потоа Австралија, а подоцна и Нов Зеланд и го одгледале како свое.
Госпоѓа Џервајз, родена како Сузан Прес, верувала дека нејзиното биолошко семејство се откажало од неа и дека нејзините таканаречени посвоители ја земале за да ја чуваат и ја „разгалиле“.
Сузан не дознала дека всушност била украдена се до нејзината 16 годишна возраст и не воспоставила контакт со своето биолошко семејство во наредните 53 години. Таа откако успеала да ги најде своите биолошки роднини на Фејсбук, сега повторно има контакт со четворица од нејзините шест биолошки браќа и сестри во Западен Јоркшир.
Г-ѓа Џервајз, баба на четири внуци, која сега живее во Австралија, како дете живеела во стара област за живеење на таканаречени патници во Понтефракт, Западен Јоркшир. Парот кој ја украл таа го сретнала токму на местото на нејзиното живеење.
-Како дете живеев со моите шест браќа и сестри во стара област за живеење на патници, иако ние никогаш не бевме патници-објаснува Сузан.
-Мојата мајка беше оставена сама на себе и ние многу често бевме згрижувани во поправни домови-раскажува таа.
-Јас тука се спријателив со еден пар од Шкотска, со жената која веќе ја нарекувам мајка ми. Тие имаа два сина-додаде Сузан-пишува Дејли Меил.
-Мислам дека сакаа да имаат женско дете. Ја прашаа мојата мајка дали би можело да отидам на патување во Дизниленд со нив, на што таа се согласи и им го даде мојот извод од матична книга на родени за да можат да ме стават на нивниот пасош-вели г-ѓа Џервајз.
Во тоа време дете можело да патува со други личности со извод од матична книга на родени и согласност од родителот.
-Тие ме однесоа во Канада, потоа Австралија и потоа Нов Зеланд. Тоа отсекогаш и бил нивниот план-продолжи Сузан.
-Живеевме во патувачка заедница, имав среќен живот и семејството со кое живеев многу ме „разгали“.
Мојата мајка почина кога имав 10 години од мултиплекс склероза, но можам да кажам дека бев многу сакана додека растев,а освен тоа патував низ светот-рече Сузан.
Г-ѓа Џервајз отсекогаш знаела дека е тука нејзиниот извод од матична книга на родени, но и било кажано и дека била дадена на посвојување. Таа открила дека била украдена на нејзина 16 годишна возраст, дури кога требало да извади пасош за да се врати во Австралија од Нов Зеланд.
-Кога заминавме за Нов Зеланд за влез во државата не ми требаше пасош, но кога требаше да влеземе во Австралија за влез назад ми требаше пасош, а за да можам да земам пасош ми требаше потпис од еден од моите родители. Тогаш мојот татко ми кажа дека не сум била дадеда на посвојување, туку дека тие ме украле-раскажува Сузан.
Таа морала да чека додека не наполнила 18 години за да може да земе пасош и на 19 годишна возраст се вратила назад во Австралија каде го запознала својот сопруг со кого има 3 деца и 4 внуци. Нејзиниот татко починал кога таа имала 21 година.
-Сето ова што ми се случи не ме погоди многу. Решив само да продолжам со животот-рече Сузан.
-Во еден момент некој кој е посвоен ме праша, што ли моето семејство во Англија можеби би чувствувало за цела оваа ситуација. Тоа е она што „ја запали сијаличката во мојот мозок“-додаде таа.
Откако нејзиниот сопруг ја поттикнал потрагата и испратил апел на Фејсбук на локалната заедница Кнотингли и Ферибриџ во јуни, нејзиното семејство било лоцирано за 30 минути.
Сите нејзини браќа и сестри се сеуште живи и сите освен еден живеат во околината на Понтефракт.
Мајката на три деца сака да им покаже на другите дека секогаш има надеж за исчезнатите деца. Таа го посетила своето биолошко семејство за нејзиниот 57-ми роденден за да направат огромна забава.
За жал нејзината биолошка мајка починала пред 8 години и никогаш не дознала дека нејзината ќерка за цело време била безбедна.
-Никогаш нема да дознаеме зошто полицијата не превзема нешто. Можеби поради тоа што мајка ми им даде дозвола да ме земат со нив и поради тоа што повеќе пати бевме згрижувани во установи-вели Сузан.
-Со ова се испраќа порака до сите кои изгубиле некого, чуда се случуваат. Има надеж-додава таа.
Извор: Дејли Меил