Дом и семејство

ЗА СИТЕ ТАТКОВЦИ: Родителството не е серија па да се приклучите во која сакате епизода!

Неколку примери како д ане бидете лош татко

Улогата на татко а со тоа и грижата кон детето во последно време како да исчезна.

Свет без татко е свет на вознемирени деца. Таткото е оној кој исто како и мајката треба да му даде на детето постојаност, цврстина, топлина и посветеност.

За да може еден човек да се „оствари“ во улога на татко, мора да заборави на некои стари навики.

Неколку примери, каков татко не треба да бидете?

Човек кој сака да владее во семејството

Ваквиот татко е човек кој напорно работел цел ден и се вратил дома за да му слугува неговата сопруга и да одмори од работата, додека децата го гледаат но не се со него.

Таквиот татко е ангажиран само кога треба да му даде казна на детето. Тоа е типот на татко „ќе видиш кога татко ти ќе се врати дома“. Типична изјава на таков татко: „Сè додека живееш под мојот покрив, ќе го правиш она што ќе ти кажам јас“.

 

Father holding his baby girl at home

 

Критичен татко

Тој постојано омаловажува и бара влакно во јајцето, прогонуван од сопствената фрустрација и лутина.

Ваквиот татко несомнено е активен во семејството, но на сосема негативен и застрашувачки начин.

„Дали е тоа најдоброто што можеш да го направиш, нели можеш да сториш нешто добро?“

Сè што го фрустрира, тој го претвора во расправија која го уништува неговото семејство.

Пасивен татко

Тој е оној кој целата должност, одговорност и моќ и ја препушта на својата сопруга. Ваквиот татко им попушта  на децата, на шефот, на роднините, на општеството … Бидејќи не може да го поднесе притисокот, тој ќе се повлече, ќе чита весници, гледа ТВ, ќе пие алкохол, стандардно наоѓа некое „хоби“ … Неговите деца ќе пораснат и ќе сфатат дека бил обичен без’рбетник.

Отсутен татко

Ваквиот човек можеби е способен и моќен надвор, но не и во семејната арена. Тој отсуствува од домот за градење кариера. Тој не присуствува на училишни натпревари или на концерти на своите деца. Можеби платил за најразлични работи за нив, но немал никаква улога во воспитувањето затоа што морал да биде на работа.

Отсутен татко не е само неутрална фигура. Доколку не им биде задоволена потребата за љубов, децата нема да го сакаат својот татко поради парите што ги заработува. Многу е веројатно дека ќе го обвинуваат понатаму во животот.

Извор Оли центар

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close