Дом и семејство

Видео кое ќе ве растопи: Помалата сестричка ги учи сестрите со Даунов синдром да зборуваат

Ина е нивна најголема поддршка...

Сите ја знаеме храбрата мајка Сара Беро и нејзините три девојчиња Ирма, Илда и Ина.

фото Инстаграм/Сара Беро

Сара Беро е една од најпопуларните личности на Инстаграм во регионот, а за нејзината популарност, меѓу другото, придонесоа и трите преслатки ќерки.

фото Инстаграм/Сара Беро

Кога имала 20 години Сара Прелевиќ од Подгорица ги родила близначките Ирма и Илда, девојчиња родени со Даунов синдром и од тогаш го носи ептитетот мајка на храброста.

фото Инстаграм/Сара Беро

Како самохрана мајка Сара успеа да ги сруши предрасудите и иако откако ги роди близначките се соочуваше со тежок период од животот сепак таа храбро се бореше за своите деца.

фото Инстаграм/Сара Беро

Сара, е позната и по тоа што јавно зборува за Даунов синдром со кој се родени нејзините поголеми ќерки, а направи многу и кога станува збор за подигање на свеста за лицата со попреченост.

фото Инстаграм/Сара Беро

Постарите ќерки на Сара, Ирма и Илда имаат Даунов синдром, а малата Ина е нивна најголема поддржувач.

фото Инстаграм/Сара Беро

Сара сега сподели видео од нејзините девојчиња на TikTok, а Ина ги украде срцата на многумина учејќи ги своите постари сестри да зборуваат.

@sarabero_88♬ original sound – sarabero

За храбрата мајка може да се слушнат само пофални зборови, а таа е повеќе од горда на своите ќерки. Таа во описот на една фотографија изјавила дека не постојат зборови со кои може да се опише љубовта што ја има кон нејзините ќерки.

фото Инстаграм/Сара Беро

Во една прилика Сара откри дека првата пречка која морала да ја помине била нејзината свекрва која ја советувала да ги остави девојчињата на посвојување.

фото Инстаграм/Сара Беро

Кога се родија Ирма и Илда, свекрвата ми рече: ‘Остави ги во породилното!’ И реков дека тоа се нејзините внуци, створени од нејзиниот син, нејзина крв, тие ми рекоа дека децата со Даунов синдром не се способни за живот, дека нема да одат, да зборуваат … Не ми кажаа дека ќе можат лудо да ме сакаат и гушкаат“.

фото Инстаграм/Сара Беро

Сара ги роди близначките кога имаше 20 години и признава дека кога дознала дека се поинакви од останатите бебиња не била баш најсреќната мајка.

фото Инстаграм/Сара Беро

– Јас ги родив Ирма и Илда на 20 години и ми рекоа дека девојчињата имаат Даунов синдром. Поради зборовите на лекарот и околината, тогаш не бев задоволна со моите девојки. Потоа ме советуваа дека моите ќерки треба да одат дома или во спротивно ќе завршам во психијатрија. Никогаш не помислував да ги напуштам. Денес, ниту јас завршив во лудница, ниту тие завршија во дом – гордо вели Прелевиќ, која ја има поддршката од целиот регион.

фото Инстаграм/Сара Беро
фото Инстаграм/Сара Беро
фото Инстаграм/Сара Беро
фото Инстаграм/Сара Беро
фото Инстаграм/Сара Беро
фото Инстаграм/Сара Беро
фото Инстаграм/Сара Беро
фото Инстаграм/Сара Беро
фото Инстаграм/Сара Беро

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close