Новости

ВИДЕО КОЕ ЌЕ ВЕ РАСПЛАЧЕ И НАСМЕЕ ИСТОВРЕМЕНО: Татко танцува пред болницата каде неговиот син се лекува од лeуkeмиja

До каде би можел да отиде родителот, за да му ја покаже својата љубов на сопственото дете? Таткото на 14 годишниот Ајден кој боледува од акутна лимф оцитна ле укемија е доказ дека не постојат граници кога станува збор среќата на детето, па макар и на кратко.

Чак Јилидинг буквално ги преплави социјалните мрежи со својот танц, и предизвика позитивни реакции. Имено тој за да украде барем една насмевка од лицето на својот син, кој се наоѓа во болница и се бори со подмолната бол ест, решил да му приреди изненадување кое прераснало во традиција.

Како започна танцувањето пред болницата?

Годинава во април младиот Ајден прв пат отишол на лекување. На неговиот татко Чак Јилидинг идеата да бидат физички разделени не му се допаднала воопшто па поради тоа решил да му приреди изненадување на својот син кој кога погледнал низ прозорецот од болницата имал и што да види. Неговиот татко започнал да танцува на паркингот, без никакви прерасуди. Минувачите зачудувачки погледнуваа во него, но желбата за насмевка на лицето на својот син била посилна.

Чак и Ајден, сега комуницираат по телефон, а Чак секој вторник танцува на паркингот од болницата
„Тој навистина се бори со болеста и има силни болки во коските. Тешко е во тој момент да не можам да го допрам и да го утешам“, изјави овој татко за Тудеј: „Но, она што можам да го сторам е да го насмеам“.
Инаку поради ситуацијата со пандемијата на коронавирус, само на еден родител му е дозволено да остане со Ајден додека се лекува, па затоа со него е неговата мајка Лори, која е медицинска сестра во болницата, а таткото танцувајќи ги чека пред болницата.

„Знаете, едноставно не ми се допаѓаше помислата да не бидам таму“, рече Чак.

Покрај тоа што танцува во вторниците, Чак не сака ниту еден момент да биде разделен од својот син, па поради тоа ја работи својата работа на неговиот лаптоп и тоа седнат на тревникот пред болницата. Како што изјави за Тудеј, сака само да му покаже на Ајден дека секогаш ќе биде со него.

Болницата во која престојува Ајден го сподели танцот на Чак, кој стана вирален хит и за кратко време доби повеќе од 96.000 прегледи.

“Одлична работа, тато! Неговата сопруга и синот никогаш нема да ги заборават овие моменти”, е еден од ентузијастичките коментари.

Засега, прогнозата на Ајден е добра, а семејството вели дека лекарите го користат неговиот случај за да научат нови техники за лекување на деца со леук емија.

Во меѓувреме, сè додека трае пандемијата на коронавирусот, Чак ќе продолжи да танцува за да го подигне расположението на Ајден за време на третманот, пренесува CafeMom.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close