Кафе муабет
Ќерката на Топалко сподели среќни вести- три месеци по свадбата и се исполни најголемата желба…
Конечно ја доби новата лична карта...
Ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топалко, Хелена, пред неколку месеци тајно се омажи за десет години постариот Д.Алексиќ, а сега тоа го официјализира.
Атрактивната бринета на социјалните мрежи редовно споделува фотографии и видеа на кои често го покажува својот луксуз и се фали со скапи подароци од својот сакан.
Меѓутоа, сега на Инстаграм се пофали со нешто поинакво.
Станува збор за лична карта која ја објави за да стави до знаење дека конечно го сменила презимето.
Хелена веќе не е Топаловиќ, сега е госпоѓа Алексиќ!
Нејзиниот сопруг и ги исполнува сите желби
Хелена Топаловиќ ужива во љубовта со својот сопруг Д. Алексиќ со кого се омажи во септември оваа година.
Ќерката на познатиот пејач на Инстаграм редовно покажува детали од својот живот и колку е среќна и заљубена.
Но она што многумина го забележаа преку нејзините фотографии е неверојатниот луксуз во кој живее овој пар.
Сите простории се максимално дотерани, а просториите се исполнети со многу слики и најразлични цвеќиња.
Колку добро и оди на ќерката на Топалко зборува и тоа што од неодамна влезе во бизнис со недвижнини, а апартманите сама ги рекламира.
Како што може да се прочита во медиумите, наводно во прашање е бизнис „стан на еден ден“, што го започна со својот сопруг.
Инаку, за нивната свадба се пишуваше со денови, посебно за венчаницата во која Хелена го изговори своето судбоносно „да“.
Во прашање беше преубава тоалета со длабоко деколте и големи „паф“ ракави со вел долг до самиот под.
Хелена наводно фустанот ги изнајмила од познат салон и за ова задоволство издвоила 500 евра.
Тогаш се шпекулираше и дека Хелена е во блажена состојба, но таа самата ги демантираше овие гласини.
„Се омажив на празен стомак. Не грижете се, душегрижници“, порача тогаш Топаловиќ.
Инаку, нејзиниот сопруг пред Хелена беше во брак со познатата српска водителка Јелена Димитријевиќ.