Кафе муабет
Ќерката на македонската Анџелина Џоли славеше роденден- Леа е копија на мама
Малата балерина ги воодушеви сите...
Поранешната манекенка Александра Наковa стана позната во регионот по нејзиното учество вo „Преживеан“ .
Убавата Македонка ќе остане запаметена по учеството во „Преживеан“ како една од најатрактивните учеснички, но и по тепачката со Станија Добројевиќ по што и двете беа дисквалификувани од шоуто.
Оттогаш поминаа многу години, но Александра, не само што не се променила, туку и изгледа подобро од кога било досега.
Таа по учеството во споменатото шоу се омажи и роди дете, но за брзо време и се разведе и остана сама со својата ќерка Леа.
Леа неодамна наполни осум години а гордата мама сподели неколку фотографии од својата наследничка.
Следбениците и обожаватели на убавата Александра ја опсипаа со честитки и комплименти а не изостанаа и коментарите дека малата Леа многу потсетува на својата славна мајка.
Секако повеќе од очигледно е од кого Леа ја наследила убавината, па можеби еден ден ќе стане манекенка и модел како мама Александра.
Инаку Александра во последно време се фокусираше исклучиво на себеси и на својата наследничка, но и на својот нов бизнис, па неодамна отвори бутик за луксузна гардероба во родната Гевгелија, па сега на социјалните мрежи се почесто објавува фотографии во кои ги рекламира своите шик производи.