Кафе муабет
Ќерката на Драган Бјелогрлиќ порасна во вистинска убавица, но НЕ се експонира!
Неговата галеничка не сака многу да се експонира во јавноста и посветена е на образованието...
Славниот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ е во брак со сопругата Маја со која има две деца, синот Алексеј и ќерката Миа.
Бјелогрлиќ го чува својот приватен живот далеку од очите на јавноста, но по фактот што синот Алексеј исто така стана актер, многумина се заинтересираа за неговото семејство, па се прашуваа како изгледа и неговата ќерка.
Неговата галеничка не сака многу да се експонира во јавноста и посветена е на образованието.
На јавноста малку ѝ е познато како изгледа Миа Бјелогрлиќ, ќерката на Драган Бјелогрлиќ која има 24 години, а ја доби во бракот со Маја, со која го има и синот Алексеј.
Миа пред неколку години запиша Факултет на политички науки, а несомнено е дека е вистинска убавица.
Ќерката на Бјелогрлиќ избегнува да се истакнува во јавност, па живее како и повеќето свои врсници – сака да патува, да го поминува времето со пријателите и да се дотерува.
Миа израсна во вистинска убавица Миа личи на својата мајка Маја, која беше манекенка и пред бракот со актерот работеше во Париз и ги красеше светските магазини Ел и Мари Клер.
Тоа што е Миа е убава не изненадува премногу, со оглед на тоа што нејзината мајка неретко ја нарекуваат српската Моника Белучи.
Драган често говори дека тој е горд на неа својата ќерка, а фотографиите кои од време на време ги споделува на социјалните мрежи сведочат за нејзината убавина која ја има наследено од мајка си.
Со Црногорката Маја Баниќевиќ, родена во Никшиќ, Драган Бјелоглиќ се запозна за време на снимање реклама во средината на деведесетите години.
Со работата како модел, Маја почнала да живее сама многу рано. Поминала четири години во Париз, а потоа се сели во Виена.
Таа работеше за агенцијата “Форд” и беше на насловните на списанијата Мари Клер и Ел, таа имаше значајни претставувања на ревии, но честопати доаѓаше во Белград, бидејќи запиша и дипломираше англиски јазик и литература.