Кафе муабет
ЌЕ СТАНЕ ТАТКО ПО ЧЕТВРТИ ПАТ: Ја победија кризата во бракот- Борис и неговата 25 години помлада сопруга го чекаат второто дете!
Пејачот пресреќен...
Познатиот пејач и композитор Борис Новковиќ има голема причина за славење.
Имено по гласините дека тој и неговата четврта сопруга Ирис Волф(28) се разведуваат, сепак изгледа дека сепак љубовта на крајот победува, па така сега пејачот и неговата 25 години помлада сопруга го очекуваат своето второ дете и четврто за Борис.
Иако медиумите неодамна објавија дека еден од најголемите заводници во регионот се разведува, Борис ја потврди добрата вест за хрватските медиуми.
– Вистина е, семејството се проширува. Сите сме среќни, доаѓа друго момче. Одлучивме и кое ќе биде името на нашиот син, но сепак нема да го откриеме и ќе го задржиме за себе – рече тој за хрватски „Стори“.
Кога медиумите во септември минатата година објавија дека неговата сопруга се иселила од семејниот дом, на многумина не им беше јасно зошто мажот по кој лудуваа жените нема среќа во љубовта.
Сепак, Ирис и Борис ја надминаа брачната криза, и сега тие се посреќни од кога и да е, додека кантавторот посочува дека во април ќе имаат двојна прослава.
– Следниот месец, ќе имаме двојна прослава, вториот роденден на нашата ќерка Си, што е на 2 април, а потоа и раѓање на нашиот син – рече кантавторот за хрватски „Глори“.
За потсетување, Борис, кој со сегашната сопруга Ирис има ќерка Си од бракот со новинарката Луција Матиќ, ги има синовите Ноа и Боно.
Врвот на кариерата го достигна со песната “Тамара”
Најпознатата песна на Борис Новковиќ на која плачеа, се љубеа многу парови Тамара, е всушност напишана за вистинска девојка и невозвратена љубов.
Борис тогаш имал само 17 години, но имал проблем со текстот бидејќи пишувал се на англиски.
На помош дошол негов добар пријател и така решиле да ја направат песната.
-Се сетивме на еден другар кој беше лудо заљубен во една Тамара, правеше се и сешто за неа. Падна од мотор поради неа, го запостави училиштето, но никогаш не беа заедно, истакна Борис во една прилика додавајќи дека денеска таа девојка е мајка на три деца.
Инаку Борис зад себе има три брака, и многумина велат дека вечниот романтичар баш и нема среќа во љубовта.