Новости

Хурем објави прва фотографија од новиот партнер – и тоа на роденденот на својата ќерка!

Познатата актерка откри дел од семејната идила

Популарната актерка сподели ретки фотографии на кои позира со својот партнер, таткото на нејзината двомесечна ќерка Лили.

Турската актерка Мерјем Узерли која се прослави со улогата на Хурем во Сулејман Величествениот деновиве го прослави седмиот роденден на својата ќерка Лара. Таа за оваа пригода сподели и ретки фотографии на кои покрај роденденската атмосфера можеме да го видиме и нејзиниот партнер, таткото на малата Лили што познатата актерка ја роди пред само два месеци.

Од крајот на снимањето на „Сулејман Величествениот“, турската серија со која 37 годишната актерка остана најзапаметена, поминаа седум години, а токму толку помина и откако пејачката се оствари во улога на мајка. Имено, нејзината ќерка Лара пред неколку дена го прослави својот седми роденден, а фотографиите од роденденската прослава ги закачи на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

„Среќен роденден на мојата Лара. Лили, мама и тато те сакаат многу! Нека Господ ги чува сите деца на овој свет“, стои во емотивната порака што актерката ја сподели преку својот профил на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Хурем за прославата беше облечена во популарниот лик од детските видеоигри Супер Марио, а покрај јунакот од истоимената игра на роденденот беше уште еден познат лик од една од најпопуларните видеоигри – Кралот Купа.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Костумот на овој суперјунак го носеше маж чиј идентитет се уште не е познат, а се претпоставува дека во прашање е новиот партнер на Хурем, мистериозното момче со кого таа пред два месеци ја доби својата втора ќерка.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Но токму затоа и многумина се изненадени од најновите вести – а тоа е дека омилената актерка е повторно во блажена состојба.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

„Бремена сум пет месеци. Ако биде се’ како што треба во јануари треба да родам девојче. Лара веќе долго време сакаше братче или сестричка и многу сум среќна што таа желба наскоро ќе и се оствари“.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

„А и јас сум среќна бидејќи ќе основам сопствено семејство“, изјави актерката која од пред неколку години живее во Берлин. Но и покрај тоа што си замина од Турција, таа се уште е честа тема во турските медиуми и публиката се интересира за секој детаљ од нејзиниот приватен живот.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Се уште никој не знае кој е таткото

Сега сите се прашуваат кој е таткото на нејзината втора ќерка, но популарната актерка тоа не го открива.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

„Некои работи ќе ги задржам само за себе“, изјави таа пред неколку месеци и на тој начин ги заинтригира фановите.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Инаку, Мерјем е самохрана мајка бидејќи 17 години постариот партнер ја остави откако дозна дека е бремена.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Но и покрај тоа што ја тераше да се реши од бебето, Хурем одлучи дека треба да ја роди ќерката, да го остави момчето и да ја воспитува сама. И очигледно дека оваа одлука беше една од најдобрите во нејзиниот живот, затоа што сега ужива максимум во мајчинството, а тоа го покажува и јавно.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Тие живеат во Германија но дали со нив живее и таткото на нејзиното бебе, сега за сега познатата актерка не сака да открие.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Имено откако ја роди својата прва ќерка таа се повлече од јавната сцена и му се посвети на семејниот живот, а нејзината кариера ја остави во втор план. Неодамна беше објавено дека планира да им се врати на малите екрани, но очигледно дека и овој пат наместо на кариерата таа е решена да се посвети на своето семејство. А тоа дека ужива во мајчинството, можеме да видиме и од нејзините фотографии на кои е со своите наследнички и кои редовно ги објавува на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close