Кафе муабет

Стоја ги пакува куферите и ја напушта Србија: Пејачката се сели со својот сопруг- откри каде сака да го помине остатокот од животот

Ќе живее покрај море...

Пејачката Стојанка Стоја Новаковиќ реши да замине од Србија. Стоја како што дознаваат тамошните медиуми наводно купила куќа во Пула каде планира да почне нов живот во тој приморски град со својот сопруг.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Стоја откри дека наскоро ќе ја напушти Србија, со оглед на тоа што купила имот преку граница.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

– Наскоро ќе се преселам во Пула! Многу ми се допаѓа таму и веќе правиме нешто таму. Ќе биде „еве јас одмарам на јахтата“ . Ми се допаѓа тамошниот мир – откри таа и изненади многумина што ќе го остави својот Перлез, нејзината оаза на мирот во Војводина.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Како што прво напиша Курир, пејачката решила да се пресели во Пула, каде со месеци бара куќа за да живее со сопругот Игор, кој по професија е архитект, па тој многу и помага во изборот на нов имот.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Двајцата се сигурни во одлуката да го продолжат животот на море, но се двоумат дали да ја продадат куќата на Бежанијска коса во која живеат со години или да продолжат да ја издаваат како што правеа до сега, бидејќи главно живееле на имотот во Перлез.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Иако многумина ќе помислат дека животот и подарил се, и буквално и цветаат рози, сепак не било секогаш така.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Во едно интервју пејачката си ја отвори душата и го раскажа нејзиното тешко минато.
Имено таа е родена во село, а се омажи малолетна, кога имала 16 години, а на 17 го роди својот син Милан.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Како што изјави семејството на нејзиниот сопруг не ја сакало, а нејзините родители и биле лути поради тоа што се омажила премногу млада.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Иако се чинело дека љубовта може да победи се, и таа со својот сопруг живеела среќно и заљубено, сепак по само две години се случила голема пресвртница во животот на Стоја, и таа го загубила својот сопруг.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Како што откри во една прилика останала на улица сама со својот син.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

„Се омажив многу млада, на 16-годишна возраст, со човек кој неизмерно го сакав, како што тој ме сакаше мене. Јас го родив мојот син Милан на седумнаесет години и наскоро започнав да настапувам со бенд, а мојот сопруг ми даваше најголема поддршка. Таа идила траеше до мојата 19 година, кога се случи таа несреќа, тогаш сè тргна наопаку “, рече таа еднаш за Ало.

Фото Инстаграм/ Стоја институциј

Стоја раскажа и како се случило тоа таа да остане без покрив над глава, па да побара помош од својата пријателка.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

„Истиот ден кога беше погребан мојот сопруг, неговото семејство ме исфрли на улица мене и моето дете помало од три години! Јас дури и не стигнав да си ги земам работите, излегов без ништо. Моите родители ми беа премногу лути, и кога решив да се омажам ми ставија до знаење дека повеќе нема да се вратам кај нив. До доцна во ноќта, шетав низ селото и врескав и плачев гласно! Следните неколку месеци, јас и мојот син бевме кај моја пријателка.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

За Стоја може да се каже дека е тврдоглава, силна и одлучна жена а тоа и самата го потврдува. Таа постепено откако останала на улица, почнала да добива понуди со својот бенд, и полека да застане на свои нозе, за денес да биде една од најголемите ѕвезди.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close