Кафе муабет

ЗБОГУМ НАЈМИЛ ТАТИЦЕ -Нашата позната манекенка се прости од татко си

Голема загуба во семејството на познатата манекенка...

Поранешната манекенка и негогашна Бинго девојка, Натали Грубовиќ, сега е фамилијарна жена кој ужива во секој момент поминат со своето семејство.

       Фото:Инстаграм/Натали Грубовиќ

Македонците носталгично се сеќаваат на времето кога Игор Џамбазов беше водител на Бинго, а Натали негова хостеса.

 Фото:Инстаграм/Натали Грубовиќ

Игор и Натали беа најпознатото водителско дуо кое со години ја забавуваше целата јавност. Заедно ги водеа популарните игри на среќа „Џандар збира“, „Супер Бинго“ и „Тркало на среќата“.

 Фото:Инстаграм/Натали Грубовиќ

На 27 септември 2017 година Натали се оствари и во улога на мајка. Таа и нејзиниот сопруг, бизнисменот Дрен Глушац добија ќерка.

 Фото:Инстаграм/Натали Грубовиќ

 Фото:Инстаграм/Натали Грубовиќ

Натали и денес изгледа неверојатно.

Некогашната Мис на Македонија може да се пофали со витка линија, нежна кожа и затегнато лице.

 Фото:Инстаграм/Натали Грубовиќ

Деновиве завладеа голема тага во семејството на познатата манекенка.

Натали преку социјалните мрежи се прости од татко си, а за семејната загуба пишуваа и нејзините сестри.

 Фото:Инстаграм/Натали Грубовиќ

,,Со големо жалење ги известуваме сите наши драги роднини и пријатели дека сабајелво го изгубивме нашиот најсакан татко Прим.Др Милош Грубовиќ.

Најмил и најдраг татице ти благодариме за се’. Ти беше најдобриот татко, сопруг, дедо пријател и човек. Вечно ќе те сакаме и вечно ќе живее твојот спомен во сите нас”, напиша Радица Грубовиќ сестрата на Натали на Фејсбук.

 Фото:Инстаграм/Натали Грубовиќ

Прим. Д-р Милош Грубовиќ. Прим. д-р Милош Р. Грубовиќ e роден на 17.02.1941 година во Беране, Црна Гора. Медицинскиот факултет и специјализацијата по трансфузиологија ги завршил на Медицинскиот факултет во Скопје.

 Фото:Инстаграм/Натали Грубовиќ

Тој еден од основоположниците на трансфузиолошката служба во РМ и основоположник на доброволното крводарителство во РМ.

 Фото:Инстаграм/Натали Грубовиќ

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close