Кафе муабет

Соба како од бајките: Погледнете какво мало царство има ќеркичката на Хари и Меган!

Нејзините родители уште пред да се роди одлучија дека нема да има официјални титули покрај нејзиното име но секако таа секогаш ќе биде принцеза за нив.

Изминатиот период принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, беа во центарот на вниманието поради контроверзното интервју кое го дадоа кај Опра.

фото архива
фото архива

Имено интервјуто предизвика “многу прашина”, а се зборуваше и дека поради тоа двајцата браќа повеќе не разговараат.

фото архива
фото архива
фото архива

Но сега парот повторно е главна тема во медиумите откако минатот петок Меган на свет ја донесе нивната ќерка на која и го дадоа името Лилибет Дајана.

Нејзините родители уште пред да се роди одлучија дека нема да има официјални титули покрај нејзиното име но секако таа секогаш ќе биде принцеза за нив.

фото архива
фото архива

Лилибет Дајана веќе во неделата пристигна во семејниот топол дом со нејзината мајка Меган, каде што нејзиниот татко Хари и постариот брат Арчи, пресреќни што малата Лилибет се приклучи на семејството, подготвија специјално добредојде.

Инаку куќата што Меган и Хари ја купија ова лето во Монтесит во Санта Барбара има девет соби, но две се посебни.

фото архива
фото архива
фото архива

Едната е на двегодишниот Арчи а другата на нивната штотоку родена ќерка.

Собата на малата Лилибет буквално изгледа како од бајките.

Посебен ефект дава креветот кој е во вид на замок – двете кули се поврзани со балкон, до кој се стигнува по скали. Сè е во деликатни розови тронови, дури и фасадата на замокот.

Profimedia

Собата на Лилибет Дајана има и тераса од која има неверојатен поглед кон имотот.

Коњи, мечки, леопард, лав, снежниот човек Олаф …  Дрвјата се насликани на sидовите на собата, а мекиот кревет е поставен спроти замокот на бебето, каде веќе своето место го зазедоа големо плишано куче и перници во форма на срце.

фото архива
фото архива
фото архива

И, дворот на луксузниот имот во Монтезит е претворен во мини Дизниленд. Арчи веќе се забавува во својот мини парк прилагоден за деца од предучилишна возраст и нема сомнеж дека неговата сестра ќе му се придружи веднаш штом ќе прооди.

Profimedia

Хари и Меган издвоија скоро 15 милиони долари за нивната оаза во Калифорнија минатиот јуни. Главната куќа, изградена во 2003 година во медитерански стил, има девет соби, 16 бањи, теретана, сауна, спа центар, тениско игралиште, базен, библиотека, лифт, просторија за игри, кино …

Profimedia

Имотот е купен од рускиот бизнисмен Сергеј Гришин , а меѓу првите соседи се и Опра Винфри, Елен Деџенерис, Аријана Гранде, Орландо Блум и Кети Пери, Гвинет Палтроу.

Profimedia

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close