Кафе муабет

Новата девојка на Лазиќ ја провоцира Марина: Барбара yдpи таму каде што најмногу боли!

Неговата мајка Бранка Лазиќ откри дека не се меша во изборите на нејзиниот син, но дека се грижи за своите внуци...

Пејачот Дарко Лазиќ, откако ja раскина свршувачката со Марина Гагиќ, започна емотивна врска со Барбара Бобак. Сепак, новата избраничка на пејачот ја користи секоја можност да ја испровоцира неговата поранешна.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Капката што ја прелеа чашата беше кога Барбара изјави дека малиот Алексеј, синот на Марина и Дарко  ја нарекува „мама“, поради што Гагиќ реши да ангажира адвокат и да се јави на суд.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Марина полуде кога виде што зборува Барбара за неа. Не можеше да издржи, па му се јави на Дарко и му рече дека очекува да ја заштити како мајка на неговиот син и дека не смее да дозволи никој да ја прозива. Дарко и рече дека не знае за што се работи и дека дефинитивно ќе провери за што станува збор. Сепак, Барбара продолжи со провокации и тој не реагираше. Затоа Марина му испрати порака и рече дека го тужела и дека ќе реши сè за алиментација и старателство на суд. Таа доживеа нервен слом кога Барбара за медиумите изјави дека Алексеј ја вика мамо – вели изворот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Како што неодамна пишуваше еден дневен весник, Марина се здружи со Ана Севиќ, поранешната сопруга на Лазиќ и молеше за помош затоа што наводно пејачот ниту го гледа нивниот син ниту дава пари за да ги издржува.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Марина плачеше за време на разговорот со Севиќ. Пејачката и порача да не се грижи, бидејќи таа ќе и помогне со совет. Таа и објасни дека мора веднаш да повика адвокат и да го започне судскиот процес против Дарко. Марина ја праша за бројот на адвокатот што ја застапувал, бидејќи знае дека таа го добила на суд. Ана веднаш и го испратила бројот – вели добро информиран извор.

Foto instagram/ Bobak S. Barbara
Foto instagram/ Bobak S. Barbara
Foto instagram/ Bobak S. Barbara

– Гагиќ не знаеше кому да се обрати, само Ана и падна на ум. Таа се пожали дека Дарко со месеци не го видел својот син Алексеј, дека тој не и одговарал на телефон и не испратил пари за нив – додаде споменатиот извор.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Инаку Дарко Лазиќ моментално живее на релација Брестач – Берлин.

Неговата мајка Бранка Лазиќ откри дека не се меша во изборите на нејзиниот син, но дека се грижи за своите внуци.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Помладиот син има две ќерки со кои сега поминувам многу време. Сите внуци се приврзани за мене, и јас сум за нив. Не ги двојам, сите четири се еднакви за мене, не знам што ќе се случи кога ќе бидат постари. Јас често го гледам Алексеј, кога и да посакаме го носат Марина или Дарко. Лорена не ја гледаме често. Не зборувам за тоа, не би сакала Ана да биде лута за ништо. Јас и Марина останавме во добри односи. Немаме проблеми. Дека двајцата повеќе не можат да бидат заедно тоа е нивна работа и тоа е меѓу нив. Јас не се мешам во нивната врска, само знам дека кога сакам да го видам детето, ми го носат и тоа е најважно – вели Бранка, па со многу емоции открива дека и недостасува најстарата внука.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Кога станува збор за раскинувањето на Марина и Дарко, Бранка открива дека проблемот се појавил околу работата што ја работи нејзиниот син.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Тешко е денес за една девојка, жена, да ја разбере работата на Дарко, тоа е најголемиот проблем. Мислам дека тоа е она што ги кочи, ништо друго. Дарко е таков, ја работи оваа работа и мора. За расправии секогаш се потребни двајца, но Марина сепак знаеше кој е Дарко и што работи. Тоа е помеѓу нив двајца, тие треба да го решат проблемот и навистина да го решат. Им реков дека на нив е да одлучат како им е најдобро, ако не можат заедно, не можат. Секако, би сакала тој да се смири со неа и да расте детето со двајцата родители, но тие треба да одлучат за тоа – вели мајката на Дарко и открива дека таа ја поддржува неговата одлука да живее во Германија.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Дарко се обидува да заработи пари за своите деца. Тој е посветен татко. Беше корона, тој не работеше, немаше толку многу, но штом ќе заработи, ќе им даде на Лорена и на Алексеј сè како и порано. Тој има нови планови, и јас го поддржувам. Го советувам да остане во Германија за да живее и да не се враќа тука. Само да доаѓа повремено да ги гледа децата, мене и неговиот брат, но не и да се враќа засекогаш. Таму е подобар отколку тука, вели Бранка.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close