Кафе муабет

Важи за една од најубавите актерки во Турција – го изневери момчето, а тој и врати на најболен начин!

Таа зад себе има пропаднат брак со 43 годишниот актер Онур Сајлак со кого ги доби ќерките близначки Маја и Топрак...

Туба Бујукустун важи за една од најпознатите турски актерки која се прослави со улогата на Аси во истоимената серија.

ФОТО: Туба Бујукустун / Инстаграм
ФОТО: Туба Бујукустун / Инстаграм

Во прашање е 38 годишна актерка која заврши сценографија и костимографија пред да започне да се занимава со глума.

Таа зад себе има пропаднат брак со 43 годишниот актер Онур Сајлак со кого ги доби ќерките близначки Маја и Топрак.

ФОТО: Туба Бујукустун / Инстаграм
ФОТО: Туба Бујукустун / Инстаграм

Нивната љубов се роди за време на снимањето на серијата Аси, каде Онур играше заедно со својата сега поранешна сопруга.

Туба се најде под лупа на јавноста во 2017 година по разводот со нејзиниот сопруг, актерот Онур Сајлак. Веднаш по разводот, таа влезе во страсна врска со Умут Евирген, кој е седум години помлад од неа.

ФОТО: Туба Бујукустун / Инстаграм
ФОТО: Туба Бујукустун / Инстаграм
ФОТО: Туба Бујукустун / Инстаграм
ФОТО: Туба Бујукустун / Инстаграм

Многумина тврдеа дека нивната врска започнала додека двајцата сè уште биле во брак и ја обвинуваа Туба за прељуба. Онур тогаш ја бранеше мајката на неговите деца и го негираше тоа, па страстите стивнаа. Сепак, Туба потоа повторно беше во центарот на вниманието од истата причина.

– Се вели дека јас и Туба се разведовме поради нејзиниот љубовник. Тоа е глупаво! Се фрла со кал и кон неа и кон мене. Нашата врска е всушност завршена. Се обидовме да ја спасиме заради нашите девојки, но не успеа.

„Туба е и останува мајка на моите деца. И го изјавувам ова со цел да се затвори таа тема еднаш засекогаш!“ објасни тогаш актерот.

ФОТО: Туба Бујукустун / Инстаграм
ФОТО: Туба Бујукустун / Инстаграм
ФОТО: Туба Бујукустун / Инстаграм

Врската со Умут била страсна и бурна, па според турските медиуми тие често раскинувале. Сепак, тие откако поминаа некое време заедно ставија крај на љубовта и сега актерката е повторно сингл.

Иако ниту едниот ниту другиот не ја наведоа причината зошто се решиле да се разделат, во турските медиуми се уште кружат информации дека актерката го изневерила своето долгогодишно момче, а тој дознал.

– Тие раскинаа затоа што таа беше неверна. Умут дознал откако наишол повици и пораки на телефон со човекот што го гледала – рекол изворот.

ФОТО: Туба Бујукустун / Инстаграм
ФОТО: Туба Бујукустун / Инстаграм

„Не беше верна. Тоа е причината за нивната разделба. А тој го откри тоа така што го пребара целиот нејзин мобилен. И имаше што да види“, изјави извор за турските медиуми. Туба наводно започнала врска со мистериозен љубовник, а иако медиумите не го открија неговото име, се шушкаше дека во прашање би можел да биде еден познат турски актер во раните педесетти години кој е познат како маркантен заводник и зад себе има веќе еден пропаднат брак.

ФОТО: Туба Бујукустун / Инстаграм

Сепак, Умут не губеше време, па наскоро по раскинувањето со Туба, тој влезе во врска со 23-годишната актерка Мелиса Шенолсун.

фото инстаграм
фото инстаграм

„Веќе се навикнав да ме спојуваат со секој маж со кого ќе прозборам еден збор. Се уморив да го демантирам истово.Медимуте нека пишуваат што сакаат, такавите работи не ме допираат“, порача тогаш актерката за медиумите.

Фото: Инстаграм/ Туба Бујукустун
Фото: Инстаграм/ Туба Бујукустун
Фото: Инстаграм/ Туба Бујукустун
Фото: Инстаграм/ Туба Бујукустун

Инаку Туба важи за голема хуманитарка, таа често и ги посетува децата од УНИЦЕФ која на свој начин успева да ги насмее децата и да им ја врати вербата.

фото инстаграм
фото инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close