Кафе муабет
Се “шушка” дека поради оваа пејачка Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ не се во добри односи!
Сузана негираше...
Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ со години важат за еден од најхармоничните парови а на нивниот брак кој трае повеќе од две децении можат да позавидат многумина.
Сепак јавноста е запознаена со фактот дека пред да се ожени со неговата сопруга Сузана Јовановиќ, Саша беше еден од најголемите фраери и беше поврзуван со многу познати дами.
Романсата со Злата Петровиќ, пејачката со која Сале беше пред Сузана, не престанува да ја интригира јавноста, а во медиумите особено се зборува за нивната прва средба.
Во една прилика самата Злата зборуваше за врската со Поповиќ.
Имено, Злата откри дека на првиот состанок со Саша била во ресторан каде нарачала пилешки џигер и ракија и дека Поповиќ бил воодушевен од нејзината скромност.
– Саша ми откри дека се забавувал со некоја буд.ала пред мене која била вкочанета, барала ракчиња и вино, па останал гладен со нејзиното мени – изјавила тогаш Злата, не сакајќи да открие за која дама станува збор.
Меѓутоа, тамошните медиуми објавија дека всушност се работи за Неда Украден, која отсекогаш важела за една од најпознатите дами на јавната сцена, а која исто така не останала имуна на шармот на највлијателниот маж кога е во прашање шоубизнисот, а таа и самата во нејзината автобиографија “Зора је сванула” откри дека се забавувала со Поповиќ.
Како што открила Неда, Саша ја освоил со својот шарм, но и со многубројните џентлменски постапки и дела со кои ја докажал својата љубов. Пејачката изјавила и дека мајката на Саша Поповиќ имала многу добро мислење за неа и дека ја сакала, како и дека нејзината ќерка од првиот брак Јелена одлично го прифатила Поповиќ.
Имено, Неда и Саша беа во врска откако таа се разведе од Милан Билбија, а Поповиќ по неа беше во врска со Злата, а на крајот се ожени со Сузана Јовановиќ.
Според пишувањата на медиумите, мајката на Саша не ја поддржувала врската со Злата, додека таа ја обожавала Неда и сакала таа да и биде снаа, се додека во животот на Поповиќ не се појавила Сузана.
Инаку, Сузана Јовановиќ и Злата Петровиќ некогаш беа лути ривалки, но и покрај различните приказни за нивната врска како и тоа што многумина се обидоа да ги разделат, пејачките и како што некои велат ривалките не обрнуваат внимание на озборувањата во градот, и негуваат пријателски однос кој може да послужи како пример за многумина.
Дека Сузана Јовановиќ и Злата Петровиќ се сепак многу добри пријателки може да се заклучи од нивната заедничка фотографија од една забава на која позираат видно расположени и во тип-топ форма.
Дека нема лоша крв во нивната врска поради минатото сведочи и изјавата која своевремено ја даде Сузана Јовановиќ, откривајќи дека Злата е таа што им донела среќа на неа и на Саша.
– Злата ми помогна да се омажам за Саша. На нејзината свадба јас бев таа што го фати бидермаерот. Веднаш потоа се омажив за Саша – изјави еднаш Сузана Јовановиќ.