Кафе муабет

„Еве го мојот бекрија“: По една година од загубата на Мрка, Ана Бекута реши да го преболи со овој фраер?

Таа е посветена на своите кандидати кои и помагаат да го преболи Мрка...

Фолк пејачката Ана Бекута во ниту еден момент не криеше колку беше заљубена во Милутин Мркоњиќ кој поч.ина минатата година.

фото инстаграм/Ана Бекута

Целата јавност беше сведок на големата љубов на Ана Бекута и Мрка. За нив многу се пишуваше во медиумите, се обожаваа, живееја под ист покрив и сонуваа за заедничка старост. За жал, ненадејната смрт на Мрка им ги попречи плановите и ја зави пејачката во црно.

Фото Инстаграм/Ана Бекута

Недолго по погребот, Ана реши да ја тргне црнината, тврдеше дека тоа нема да и се допадне на нејзиниот сакан, па дури и ја обои во црвена бушавата руса коса.

фото инстаграм,/Ана Бекута

Таа се посвети на синот, внуците и она што најдобро го знае, музиката. Жирито во музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ не сакаше да си замине или да го паузира учеството на истиот, таа продолжи со настапи и на радост на публиката минатата недела го објави синглот „Kasno da se kajes“ посветен на Милутин.

Фото Инстаграм/Ана Бекута

По смр.тта на Мрка, Бекута го пронајде својот мир и утеха во работата со кандидатите на Звездите на Гранд.

фото инстаграм,/Ана Бекута

Секојдневно вежба со нив, ги советува и со задоволство споделува фотографии со нив на социјалните мрежи.

фото инстаграм,/Ана Бекута

Така неодамна на профилот на Ана се појави фотографија на која позира со еден од машките кандидати, згоден натпреварувач од Босна и Херцеговина, а во описот напиша „Еве го мојот бекрија“.

фото инстаграм/Ана Бекута

Впечатливото момче претендира да биде голема ѕвезда и Ана му помага на патот, што моментално и причинува големо задоволство и во исто време може да ги пренасочи мислите и да не размислува за Мрка.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Инаку по загубата на Мрка многу се пишуваше за наследството, во чии раце ќе остане со оглед на тоа што тој никогаш не се разведе од првата сопруга Даша.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Неутешна поради голема загуба, фолк ѕвездата тешко ги поднесува шпекулациите и злонамерните коментари за тестаментот на Мрка, па се огласи и конечно проговори на оваа тема.

Фото Инстаграм/Ана Бекута

„Додека мојот свет се уриваше изминатата година, многу луѓе зборуваа за мојот и имотот на Милутин. Понекогаш беше тешко да се прочита и свари. Како да сум некоја сиромашна а не жена која работи, стекнувала и создавала во последните четириесет години. Можеби ви е незамисливо, но јас заработив повеќе од Милутин. Вложував мудро и живеев исто и пред него, со него и по него. Тоа што го имаше Милутин остана на вистинскиот наследник и јас немам ништо против тоа и никогаш немав. Нема тестамент и нема сапуници кои ги создаваат медиумите. Животот го живеевме во хармонија и договор. Можеби вие не би живееле така, тоа е ваша работа. Нашето беше наша работа. Никогаш не ме интересираа пари од едноставна причина што имав свои. Во периодот кога го запознав Милутин ми требаше само љубов, топлина и внимание. Го добив тоа и до крајот на неговиот живот живеевме во таа топлина, љубов и внимание.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Тажно е да се види колку за некои луѓе е неверојатно жена да има, жената да заработила, создавала и стекнала без маж. Ако нешто такво е неверојатно во 21 век, ние како народ имаме сериозен проблем.
Посакувам сите девојки да најдат љубов каква што ја најдов јас во Милутин. За парите порижете се сами. Така е послатко“ напиша Ана Бекута на својот Инстаграм профил.

фото Инстаграм/Ана Бекута

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close