Кафе муабет

Сите ја имаме оваа фигура дома – еве каде треба да ја ставите за да привлечете пари, среќа и љубов!

Доколку ја поставите во близина на влезната врата, таа ќе привлекува среќа за сите домашни. Исто така, постојат верувања дека овие слончиња  привлекуваат пари.

Според Фенг Шуи, предметите и нивното уредување имаат големо влијание врз позитивните или негативните работи во животот.

фото илустрација

Одредени предмети се многу добри за нашата психа и привлекуваат само позитивна енергија, додека други го прават спротивното.

фото илустрација

Според експертите за Фенг-Шуи, чувањето фигури на слонови во домот, привлекуваат позитивна енергија и среќа во вашиот живот. Слон со подигната сурла го претставува успехот. Доколку ваква фигура поставите во спалната соба, тоа привлекува љубов.

фото илустрација

Доколку ја поставите во близина на влезната врата, таа ќе привлекува среќа за сите домашни. Исто така, постојат верувања дека овие слончиња  привлекуваат пари.

Слонот, исто така, симболизира сила, моќ, мудрост, енергија и разум во другите култури. Се верува дека слонот носи среќа, па затоа е препорачливо да имате фигура слон до влезната врата за да може среќата да влезе во вашата куќа.

фото илустрација

Исто така, постои верување дека фигурата слон може да ви помогне да зачнете бебе, и тоа ќе се случи ако ја ставите фигурата на слонот до креветот во спалната соба.

Ако сте одлучиле да започнете нов бизнис, ставете малку поголема фигура под светилката, на јужна страна на станот / куќата. Ако сакате да го зголемите буџетот тогаш поставете ја фигурата на ова посветено животно до чешма – бидејќи ја симболизира реката пари, на деловните луѓе им се советува да ја чуваат фигурата на слон на нивната работна маса.

фото илустрација
фото илустрација

Фенг шуи: Едноставни совети за среќен брак

1. Ставете слики од вас и вашиот партнер – Во спалната соба треба да ставите лимит на фотографии на кои не сте вие ​​и вашиот партнер. Колку што е можно повеќе, чувајте го вашиот приватен простор само за вас. На овој начин ќе го исклучите умот од нештата кои се надвор од вашата врска; запомнете, спалната соба треба да ја одразува само врската меѓу брачните другари.

фото илустрација

2. Исчистете ја спалната соба – Спалната соба треба да се ослободи од нередот, особено нешта кои потсетуваат на минати врски и/или несреќни спомени како што се слики од починати роднини или пријатели. Спалната, исто така, треба да биде ослободена од предмети/нешта кои укажуваат на темна, страшна и осамена средина, како постери кои прикажуваат било каков вид насилство. Секогаш треба да имате средина која ќе направи вие и вашиот партнер да се чувствувате опуштено, безбедно; и секогаш треба да го одржувате вашиот приватен простор светол и среќен за да се поттикне струење на позитивна енергија, а да се блокира негативната.

3. Сè треба да е во пар – Колку што е можно повеќе, сè што е во спалната соба треба да е во пар. На пример, ако имате масичка на едната страна од креветот, ставете уште една таква на другата страна. Ова ја дава идејата дека две лица живеат во хармонија и заедно на едно место и сигурно ќе привлече среќа во бракот.

фото илустрација

4. Тргнете ги огледалата и телевизорот – Огледало кое ‘гледа’ накај креветот ќе ве одразува вам ​​и вашиот партнер – најдобро е да се отстрани или да се покрие ваквото огледало, бидејќи тоа може да сигнализира или да доведе до проблеми со трети лица во вашиот брак . Исто така, избегнете телевизор, па дури и радио во спалната. Овие работи може да ви го одвлекуваат вниманието, вашето и на партнерот, па така и двајцата може да изгубите фокус на она што е важно, а тоа е одржување среќна и интимна врска, полна со љубов, меѓу вас двајца.

фото илустрација

5. – Во вашиот дом, а особено во спалната соба, треба да доминираат боите на љубовта. Боите розова и црвена ја засилуваат среќата во љубовта и бракот (сепак, бидете претпазливи на црвената боја и имајте ја само во мала количина – црвената е и боја на лутина, а вие не би сакале негативна енергија во вашиот дом и во вашиот брак), па затоа е најдобро да го украсувате домот со овие бои. Вметнете ги дома како сакате – некои луѓе избираат мали розеви украси, додека други одат толку далеку па ги бојат ѕидовите на спалната со розова боја. Друг совет е да избегнувате темни бои во спалната. Обидете се таа соба да биде светла и чиста колку што е можно повеќе.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close