Кафе муабет

Се смирија Дарко Лазиќ и Марина, ја кријат врската од родителите на Гагиќ- и ветил дека ќе се промени и нема да ја изневерува

И дадоа уште една шанса на љубовта...

Фолкерот Дарко Лазиќ е познат по добриот глас и своите хитови, но на површина секако излезе  скандалозниот приватен живот кој со години не престанува да ја интригира јавноста.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Многу се зборуваше и пишуваше за неговите турбулентни љубовни врски, а дека има тенка линија меѓу љубовта и омразата, потврди извор кој откри дека пејачот ја обновил врската со поранешната свршеница Марина Гагиќ, која не бираше зборови кога зборуваше за Дарко.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Имено, според извор на Ало.рс, Дарко и Марина решиле на љубовта да и дадат уште една шанса, но врската да ја држат во тајност бидејќи тоа не го прифаќаат родителите на Марина.

фото инстаграм/Марина Гагиќ

– По раскинувањето со Барбара Бобак, Дарко многу брзо ја обнови љубовната врска со поранешната свршеница Марина Гагиќ. Заедно се нешто повеќе од еден месец, Дарко се уште живее во Нови Сад, а Марина со заедничкиот син Алексеј е со родителите во Пеќинци – рекол соговорникот на самиот почеток на разговорот, кој посочува дека Гагиќ не лесно ја поднесе разделбата со Дарко со кој ја планираше иднината.

фото инстаграм/Марина Гагиќ

– Марина беше повредена, лута, разочарана… Дарко даваше премалку пари за нивниот син, уживаше во јавна љубов со друга девојка додека таа страдаше. Животот го започна од нула, се врати во Пеќинце со родителите, се мачеше со коментарите од околината… Навистина не и беше лесно – рекол извор кој сакал да остане анонимен, а потоа открил зошто Марина му дала уште една шанса на фолкерот.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

– Дарко и ветил дека ќе смени некои работи. Марина е свесна дека е боем, дека нема да се откаже од тој начин на живот, но ја уверил дека повеќе ќе се посвети на неа и на детето и дека нема да ја изневерува. Таа многу го сака Дарко, реши да му даде уште една шанса, но овој пат е внимателна – изјави добро информиран извор додавајќи:

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

-Семејството на Марина не сака да чуе за Дарко, виделе колку страдала поради неговото однесување и не ја пуштале повторно да го помине истото. Токму затоа Марина тајно се гледа со него, додека не се увери дека тој се променил и дека нема повторно да ја подложи на истото понижување. Планира да го подготви семејството и потоа да ги извести дека официјално се смирила со Лазиќ – заклучил соговорникот.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

На овие написи Марина накратко рече:

– Тоа не е точно, немам дополнителен коментар.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Иако не сакаше често да биде во центарот на вниманието Марина Гагиќ често споделуваше цитати на Инстаграм во кои индиректно го прозиваше фолкерот.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

„Добар татко не е оној кој заработува многу, туку оној кој не го напушта семејството“, напиша таа неодамна.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Да потсетиме, Марина и Дарко беа на суд поради алиментацијата и старателство над синот.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

На второто рочиште дошло до вистинска драма, кога почнале да се расправаат…

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

„Прва дојде Марина, а Дарко доцнеше. Штом почна рочиштето дојде до несогласувања. Дарко веднаш стана и рече дека нема приходи и дека може да издвојува 25.000 динари месечно за детето, на што се спротивстави другата страна и истакна дека дава двојно повеќе за првото дете и дека не е во ред да ги дели децата“, изјави тогаш извор за српски Телеграф и додаде:

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

„Дарко стана и рече дека Лорена живее во градот и дека на дете што живее во град му требаат повеќе пари, што тотално ја изреволтира Марина. Таа во своето излагање рече дека е срамно и дека нема да дозволи да го понижуваат нејзиното дете само затоа што живее во село. Дарко стана и рече „Добро, еве, можам да дадам 30.000“ на што таа му врати „не сме на пазар па да се пазариме. Тоа е твое дете““, заклучува изворот.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Марина бараше целосно старателство над детето а тоа го изјави на првото рочиште на кое Дарко не се појави бидејќи беше на патување во Египет со својата нова девојка Барбара поради што рочиштето беше одложено за следниот месец.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close