Кафе муабет
Се прослави како Виолета во „Подобар живот“, а сега откри што се добила благодарение на серијата
Локните се нејзин заштитен знак...
Актерката Лидија Вукичевиќ се прослави со улогата на Виолета во телевизиската серија „Подобар живот“, а потоа стана секс симбол на Србија.
Иако серијата почна да се емитува во 80-тите, а Лидија тогаш беше многу млада, сепак многумина велат дека не се променила многу.
Лидија во интервју за Блиц истакна:
„Од хонорарите во серијата „Подобар живот“, изградив куќа во Голубац. Од рекламите благодарение на серијата купив два автомобила. Едниот беше за мене, другиот беше за тато“.
Со оглед на популарноста на серијата, Лидија имаше само низа понатамошни успеси, а во животот се занимаваше и со политика и 5 години беше пратеник во српското Собрание.
Поминаа повеќе од 30 години од серијата, но Вукичевиќ и понатаму е убава како во младоста.
И додека многу нејзини колеги направија естетски корекции Лидија ги демантираше ваквите изјави за себе.
– Единственото нешто што го направив на моето лице беше третманот со боцкање, кој ја подобрува работата на колагенот. Ја прави кожата кадифена. Освен тоа, ништо друго не правев, никакви операции. Суштината на мојот младешки изглед е тоа што се грижам за себе од 18-годишна возраст. Мајка ми беше строга и се грижеше за мојот и изгледот на сестра ми, уште како мали девојки почнавме да користиме креми за лице. Покрај генетиката, имам убава кожа благодарение на мајка ми, откри Лидија.
-Водам здрав живот, не пијам, не пушам, се хранам поздраво и сето тоа резултира со ваков изглед, продолжува таа, па се навраќа на изгледот на косата, забите и ноктите.
– Се ми е природно. Не ја исправувам косата, природно ми е виткана. Ноктите ми се природни не сакам вештачки. И забите се мои. Никогаш не сакав да ставам навлаки и да имам неприродно бели заби. Ги одржувам така што одам на стоматолог на секои два месеци и користам црна паста за забите да ми бидат бели.
Неодамна актерката ја шокираше јавноста со промена на имиџот, а многумина не ја препознаа.
Ја исправи долгата кадрава коса и изгледаше барем двојно помладо.
Од обожавателите доби многу позитивни коментари но многумина се согласија дека локните се нејзин заштитен знак и дека најдобро и стојат.
Лидија остави свој белег и во некои други филмови и серии како „Династија на Жика“, „Скитник“, а последниот филм во кој учествуваше е „Афтерпарти“ од 2017 година.