Новости
Професорка по англиски со овој гест расплака многумина: Збунети сме ние возрасните, а тие повеќе од нас!
Една професорка сподели искуство со своите ученици
Пандемијата на коронавирус влијае на животот на возрасните, како и на децата. Сепак, возрасните често забораваат дека и децата веројатно се чувствуваат лошо за сè што се случува.
Дека светот што го знаеа до вчера веќе не постои и дека сè се смени преку ноќ.
Најдобар пример е гестот на професорка по англиски јазик од Србија, која со едно прашање ги натера своите ученици да се отворат и да си ја олеснат душата.
„Како си“, ги прашала нејзините ученици и целата ситуација ја споделила на Фејсбук.
Влегувам во училница со насмевка, второ одделение.
– How are you?
Сите механички одговараат и замолчуваат.
Но јас чувствувам, знам.
(ајде биди нормална и направи го првиот обид)
Цртам семејство на табла (по програмата).
Да ги насмеам (a подобро и не знам да цртам)
Го чувствувам и тој осмех.
Се пријави еден ученик, сакаше да зборува:
– Знаете професорке Тања, учителката нам ние болна.
– Ќе биде добро. Ќе се врати брзо, знам.
(Ајде биди нормална, втор обид)
Цртаат. Одам од клупа до клупа. Ги гледам цртежите. Можам врз основа на цртежот да видам какво е детето (во 90 % од случаите). Но и од очите.
Едно дете црта куче.
– Имаш брат/сестра?
– Имам брат, но не го сакам.
– Го сакаш, знам. Каде се мајка ти и татко ти?
– Работат.
Во другиот ред, уште едно девојче исто. Само куче. Друга сама себеси се нацртала.
Нема трет обид!
– Ајде оставете ги моливите, боиците. Гледајте ме.
– Како се чувствувате? Што ве мачи? Дали некој вас ве прашува како се снаоѓате? Што ви фали? Ова н ее нормално за вас нели?
(За таа констатација ми помогна звукот од Брза помош која помина покрај училиштето. Сите гледаме низ прозорецот)
– Јас знам како се чувствувате.
(Зборувам на мали, но големи луѓе)
Молк. И тогаш почнува секој со своја приказна.
Едно девојче се расплака.
– Дали нешто погрешно реков?
– Не, ми се насобра се. Татко ми е заболен од Ковид-19.
– Плачи. Тој плач е добар. Плачењето поради оценки не е добро.
Заѕвони училишното ѕвонче.
Седат. Не стануваат од клупите.
Јас морам на друг час.
– Бидете добро. Ќе пројде сето ова. И учителката ќе биде добро. Ќе се врати наскоро, знам.
Ми пријде девојчето кое плачеше. Ми го даде нејзиниот цртеж, на кој нацртала срце.
– Може ли да ве прегрнам?
– Секако!
Ќе се раплакам, но не смеам.
(Каков ли беше обидот да останам нормална?)
Е, деца мои….
(Се чувствувам, знам… но и сама се прашувам дали има крај на сето ова)
Разговарајте со децата. Не живееме паралелна реалност. Тие чувствуваат се.
Збунети сме ние возрасните, а тие уште повеќе од нас.
Потребни сме си едни на други. Сега највеќе.
Ќе научат и да нацртаат семејство на Англики, ма се ќе научат, завршува учителката.