Новости

Шампионка гимнастичарка со Даунов синдром, станува модел и руши бариери!

За инспиративната приказна на Челзи Вернер слушна целиот свет

За името на Челзи Вернер светот слушна многу одамна. Иако има Даунов синдром, што предизвикува одложен интелектуален и физиолошки развој на една личност, таа не беше спречена да чекори по патот до успехот.

Нејзината инспиративна приказна успеа да ги помери сите граници, како во светот на модата така и во гимнастиката, за таа денес да биде една од најуспешните жени.

 

Челзи Вернер е родена во Денвил, Калифорнија. Таа успеа да ги надмине сите граници и влезе во светот на моделите и го покажа уникатното совршенство.

 

Таа учествувала на Специјалните олимписки игри во Соединетите Држави и веќе четири пати успеа да го освои првото место.

 

Челзи успеа два пати да биде Светски шампион, а како што вели за неа гимнастиката секогаш била важен дел од нејзиниот живот.

 

 

Кога имала само четири години таа започнала да се занимава со гимнастика, за потоа таа да прерасне во нејзина прва љубов. На почетокот започнала со гимнастика од причина да ги зајакне своите мускули, но потоа со напорно вежбање и труд успеа да освои многу медали, на кои денес е особено горда.

 

„Многу сум среќна што ми беше пружена можност да инспирирам други лица да ги следат нивните соништа! Срушив многу бариери во текот на годините, а и вие можете да го направите тоа! Секој се соочува со предизвици во животот, но разликата е како ќе справите со тие предизвици.“

 

Челзи Вернер вели дека со помош на гимнастиката успеала да добие голема самодоверба.

Доколку не била упорна, таа воопшто и немала да успее во својот сон. Како што и самата вели, сакала да биде модел, но во која и да било модна агенција кога ќе прашала, и одговарале дека нема место за модели со Даунов Синдром.

 

Поддршката на нејзиното семејство и помогнала за таа да биде она што е денес.

 

 

„Мислам дека за сите модели е тешко да се пробијат во модната индустрија. Јас се соочив со многу предизвици во мојот живот, но никогаш не се откажав, вели таа“

Сета трпеливост и истрајност се исплатеше на крајот.

 

 

Основачот на компанијата, We Speak Бриауна Мараја успеала да го познае нејзиниот потенцијал и и помогна на Челзи да напредува во светот на модата.

Од првата фотосесија, Челзи се покажа како глобална сензација.

 

 

На социјалните мрежи стана многу популарна, и таа е воодушевена поради тоа.

Со своите фотографии таа не само што покажа дека сите сме убави на свој начин, туку таа докажа дека луѓето со Даунов синдром не можат и не смеат да бидат запрени во остварување на своите соништа.

 

 

Челзи Вернер успеа да покаже дека и лицата со Даунов синдром се подеднакво способни како и секој друг. Таа им го покажа начинот на кој можат да го победат своето нарушување и да бидат подобри од тоа што се.

Дури и модниот свет е исклучително задоволен од Челзи. Според Мараја, таа е едноставно убава.

 

Таа е особено интелегентна, одлично соработува и брзо учи, вели Мараја додавајќи дека се надева дека Челзи ќе отиде многу далеку во своето животно патување.

 

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close