Дом и семејство
Први фотографии по породувањето: Убавата Неџла го напушти родилиштето- еве како изгледа два дена откако го роди второто синче
Тие се пресреќни поради приновата...
Турската актерска двојка Фахрије Евџен и Бурак Озчивит пред неколку дена станаа родители по втор пат.
Aктерката го роди вториот син на кого му дадоа име Керем.
Фахрије вчера го напушти родилиштето и по тој повод кратко им се обрати на насобраните новинари.
– Пораѓањето помина добро. И јас и бебето сме добро.
Популарниот Бали бег изјави дека нивниот син особено се радувал на својот брат и открил дека присуствувал на породувањето.
– Реакциите на Каран се одлични. Тој едвај чека да го запознае својот брат. Да бидам искрен, тој не изненади сите. Дали присуствував на породувањето? Секако, ги пречекав и Каран и Керем, што е одлична работа. Јас сум благословен.
За потсетување, турската актерска двојка Бурак Озчивит и Фахрије Евџен се венчаа во 2016 година, а три години подоцна го добија синот Каран.
Веста дека во нивниот дом пристигна уште едно момче, братче на Каран, прв ја објави порталот „Хариет“.
Гордите родители на својот втор син му го дадоа името Керем, а како што објавија турските медиуми, тој се родил на 18 јануари во една болница во Турција.
И додека фановите се во неизвесност на кога е личи малиот Керем, сите се согласни дека Каран личи на татко му.
Од фотографиите што парот ги објавува на своите профили на социјалните мрежи може да се заклучи дека Каран е копија на тато.