Кафе муабет
Првата сопруга на Жељко Јоксимовиќ не сака повеќе да крие- откри зошто се РАЗВЕДЕ од пејачот, нејзините зборови ќе ве шокираат
Весна и Жељко ја имаат ќерката Мина...
Првата сопруга на Жељко Јоксимовиќ не успеа да го сокрие фактот дека отворила свој профил на социјалната мрежа „Инстаграм“, а нејзините објави будно ги следат медиумите.
Сè што објавува, колку и да е најмала ситница, се гледа низ лупа и за чудо станува сензација.
Откако објави слики од одмор, сите зборуваа за нејзиното смело издание, а набргу потоа и за нејзината драстична промена во изгледот.
Имено, Весна Јоксимовиќ брзо ослабе, што беше доволна причина да се зборува за нејзината психофизичка состојба и веројатно влијанието на Жељко и Јована Јоксимовиќ врз неа.
Што и да беше објавено во медиумите, таа не сакаше да негира, очигледно е дека веќе е навикната на натписите на порталите, а исто така е многу свесна дека нејзините постапки ги заинтригираа новинарите и јавноста.
Нејзиниот последен потег повторно привлече големо внимание, а се работи за видео поврзано со машко-женските односи, кое таа го сподели на социјалните мрежи. Во едно подолго обраќање што таа го сподели имаше напишано:
– Што прави една жена? Таа се мажи или има врска, го гази тој маж или го пегла со години и години за да го направи онаков каков што таа сака да биде и ако успее во тоа и навистина го направи таков каков што го замислила во нејзиниот живот тој ден завршува со него, таа ќе го изџвака, ќе го плука и ќе го гази. Тој ден ќе и се згади, ќе го остави и ќе си најде ново момче.
Првата сопруга на Жељко Јоксимовиќ шокираше со коментарот: „Така е“, а многумина се запрашаа дали нешто слично се случило и со неа и со музичарот.
Да потсетиме, пред да стапи во брак со Јована, миленикот на женската публика Жељко Јоксимовиќ беше оженет со Весна Јоксимовиќ, со која ја има ќерката Мина.
Тие се венчаа кога тој имаше 23 години, а пејачот побара од Српската православна црква да го поништи бракот пред околу 10-тiна години, за да може да и вети вечна љубов на Јована пред Бога.
Мина од својот татко го наследи талентот за музика, а судејќи според фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, таа ја наследи убавината од нејзината мајка.
Првата сопруга на Жељко, Весна не сака медумски да се експонира, па Мина ретко објавува нејзини фотографии. Меѓутоа, според неколкуте кои ги објави, може да се забележи дека Мина е пресликана Весна.
Весна и на овие години изгледа како “бомба” а тоа може да го видите од фотографиите кои таа ги сподели на својот Инстаграм профил.
Жељко Јоксимовиќ денес е во брак со Јована Јоксимовиќ, со која ги има ќерките Ана и Срна, како и синот Коста.