Кафе муабет

СЛАВИ 27 ГОДИНИ КАРИЕРА: Јелена Карлеуша откри како нејзината мајка позајмила пари за да си го исполни сонот

Среќна е што успеа во својот сон...

Поп дивата Јелена Карлеуша откри дека слави 27 години успешна кариера.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Уште од самиот почеток мислењата за неа се поделени, некој ја сака, некој не, но едно е сигурно – таа е секогаш во центарот на вниманието.

Во својата долга кариера таа никогаш не се откажала и покрај тешките моменти и разните скандали. Таа важи за модна икона на овие простори и често поставува нови трендови.

View this post on Instagram

A post shared by Jovana Fox (@karleusastar)

На последната фотографија што ја објави позира во раскошен цветен фустан, а под објавата ја отвори душата и призна колку тешки, но и успешни биле изминатите години и им се заблагодари на своите фанови за сета поддршка.

View this post on Instagram

A post shared by Jovana Fox (@karleusastar)

-Денес славам 27 години од мојата кариера! Што преживеавме и доживеавме сите заедно, драги мои… Успеавме, нели? А најдоброто допрва доаѓа! Многу сум среќна што наскоро ќе го слушнете мојот нов албум и се што ви подготвивме… Го заслужувате тоа бидејќи бевте со мене сите овие години а јас знам да го ценам тоа, напиша таа.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Да, славам 27 години кариера. На денешен ден излезе албум за кој мајка ми позајми пари за да ми го исполни сонот. Таа веруваше и не погреши. За првите ТВ појавувања немав што да облечам, немав ниту за хулахопки, но бев решена да се соблечам и да успеам. Ниту една секунда не се посомневав. Колку борба, мачење, напади, неправда, болка, солзи, паѓање и подигање, додаде Карлеуша.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Овие 27 години беа Viva la diva и All about diva, а сега доаѓа Алфа. Не знам обично, не знам мирно. Чудна сум и бурна, вечно неразбрана, но секогаш своја. Ви благодарам за првите 27 години патување“, заклучи Јелена.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Драгана Мирковиќ и помогнала да ја започне својата кариера…

Иако често сака да ја провоцира јавноста, таа знае феноменално да го претстави секое парче облека.
Нејзиниот стил се менуваше со годините, но она што е сигурно е дека отсекогаш била автентична!

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

На Инстаграм неодамна се појави видео од самиот почеток на нејзината кариера, а на него можеме да видиме дека Јелена тогаш изгледала сосема поинаку. Иако веднаш почна да интригира со својот изглед.

View this post on Instagram

A post shared by @retro_hitovi

Карлеуша на 16 години изразила желба да стане пејачка. Ја имала поддршката од нејзината мајка Дивна, но немале доволно средства за нејзиниот прв деби албум.

– Кога ја започнав кариерата, на неполни 16 години, тоа беше многу тешка ситуација. Балканот беше во пламен, а првиот албум го снимив во 95 година. Мајка ми позајми пари од Драгана Мирковиќ. Да! Драгана Мирковиќ ми позајми пари за првиот албум. И додека мајка ми се фаќаше за глава како ќе и вратиме 25.000 марки, бидејќи тогаш имаше новинарска плата од две марки, мене ме мачеше уште една мака – немав пари за чорапи. И кога купував ги чував, ама џабе. Секогаш некако ги закрпував и ги лепев со лак, измислувајќи некоја глупост. Се појавив на телевизија, насмеана, полна со себе, убедувајќи ги водителките и гледачите дека јас, безобразното дете од Нов Белград, сум новата Мадона. Никој не знаеше дека новобелградската Мадона крие најлонски чорапи залепени со лак под нејзиниот позајмен фустан. Годините минуваа и јас се борев како куче. Мадона од регионот стана добро позната Ј.К. и ги вратив парите на Драгана – напишала Јелена Карлеуша на својот профил пред неколку години.
Првиот албум „Огледалце“ е објавен на 24 април 1995 година. Со него таа постигна голем комерцијален успех, продавајќи повеќе од 100.000 примероци во Југославија. Хитовите од тој албум беа песните “Ogledalce”, “Najbolja drugarice” и “Suze devojačke”.

View this post on Instagram

A post shared by @retro_hitovi

Тогаш најтиражниот весник „Сабор“ на Јелена и предвидуваше голема кариера со пораката – Ѕвездата е родена.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close