Кафе муабет
По три спонтани абортуси и борба со неплодност ќе добијат дете- првиот човек на Фејсбук пресреќен поради приновата!
Среќната вест ја сподели со своите следбеници...
Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан го очекуваат своето трето дете по долга борба со неплодност.
Цукерберг, најпознатиот програмер во светот и основач на социјалната мрежа Фејсбук, пред извесно време се пофали со среќната вест дека тој и неговата сопруга Присила го очекуваат своето трето дете.
Фотографијата ја споделија на Инстаграм а добија честитки од милиони фанови. Семејството ќе стане побогато за уште едно девојче.
„Многу љубов“, напиша Марк во описот на фотографијата на која се гледа неговата рака потпрена на стомакот на Присила и додаде дека е исклучително среќен што неговите ќерки Макс и Август следната година ќе добијат уште една сестра.
Инаку, Присила Чан и Марк се запознале на универзитетска забава на Харвард во 2003 година, а Присила била покрај Марк во времето на сите негови деловни скандали. Од тужби и судења поврзани со него дека ја украл идејата да го основа Фејсбук, добија статус на едно од најбогатите семејства во светот, а се вериле по осум години врска.
Нивната венчавка била интимна, резервирана само за најблиските пријатели и семејството, а бидејќи сакал венчавката да биде тајна, парот замина ниту на меден месец. Церемонијата се одржа во тајност, а ретко кој знаеше дека Цукерберг се ожени.
За да ја надомести таквата мистериозност и скромност, Марк ја носи Присила на барем еден 30-дневен „меден месец“ секоја година од тогаш.
Парот го доби своето прво дете во 2015 година, а подоцна призна дека долго време се бореле со неплодност и дека Присила имала три спонтани абортуси. Подоцна им се родила уште една ќерка, а сега трета е на пат!
Кучето му помогна да заработи 19 милијарди долари
Основачот на Фејсбук, Марк Цукенберг, може да му се заблагодари на неговото куче, унгарскиот овчар наречен Ѕвер, за тоа дека стана сопственик на Вацап, објави во 2019 година Бизнис инсајдер.
Во моментот кога се одржувале преговорите за продажба на апликацијата, во просторијата за еден момент завладеала тишина, во тој момент влегло кучето на Марк кое веднаш се затрчало и седнало во скутот на ко-сопственикот на Вацап.
-Тоа беше вистинско пријателство, и набрзо падна договор.
Во разговорот со Лори Сигал за Си-Ен-Ен, Марк ги откри деталите од преговорите со ко-основачот Јан Кум и како неговото куче му помогна да се прошири работата.
“Мислам дека моето куче ѕверот беше тајно оружје. Тоа беше напната ситуација и Јан рече дека мора да размисли за сè”, се сеќава Цукенберг.
Владееше молк како да сме на гроб-ишта во канцеларијата се додека Ѕвер не истрча. Кучето беше збунето стоејќи во собата, одеднаш скокна во скутот на Јан – ко-основачот на Vаcap кој го помаза, и тука настана нивното пријателство.
Атмосферата се развесели, и на крајот, работата беше успешно склучена. Vacap беше продаден за неверојатни 19 милијарди долари. Значи, ѕвер го доби статусот на кралот на семејството и има своја страница на Фејсбук.
Во октомври 2016 година, Цукенберг објави слика на ќерката Макс заедно со Ѕвер под која напиша нејзиниот прв збор е “куче”.